19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Портретирани сеќавања“ на Јана Манева-Чупоска во Велес

Изложбата „Портретирани сеќавања“ на Јана Манева-Чупоска во Велес

port52

Отворање на самостојна изложба на Јана Манева – Чупоска ќе се случи во петок, во 19 часот, во Ликовниот салон на Музеј Велес во Велес, градот на културата за 2015 год.

Изложбата на цртежи во комбинирана техника, цртеж и дигитална фотографија од циклусот „Портретирани сеќавања“ ќе ја отвори директорот на Музеј Велес, Елица Николова. Изложбата ќе биде поставена до крајот на март, а претходно беше претставена во Струмица и Скопје. Ова е седумнаесетта самостојна изложба на авторката која за првпат изложува во Велес.

Извадок од текстот на каталогот на изложбата:

„Во добата на дигитални технологии и постојано редефинирање на предметот на уметноста и опфатот на нејзините граници, интересот на авторката Јана Манева – Чупоска, се врти кон асоцијативните форми кои ги побудуваат во нас ,заспаните’ навидум подзаборавени, но дефинирани архетипови, предавани од колено на колено, како дел од една колективна меморија поврзана со прашањето на културните и етно -идентитети“.

(м-р Наде Пешева – ликовен критичар и историчар на уметност)

„Кругот, елипсата и другите рамковидни геометриски површини образуваат едно чувство за прегледување или пак, кажано филмски, проектирање на пози од ексклузивен споменар, со интимистичка топлина и со патина која ни е мошне блиска, со повеќеслојно препознатливи кодови од нашиот културно-егзистенцијален бит и корен, истргнати од визуелното, ако сакате, генетско наследство“.

(м-р Горан Тренчовски – режисер и теоретичар на медиуми)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП