6 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Граѓаните кај кои во Годишната даночна пресметка се јавува долг од...

УЈП: Граѓаните кај кои во Годишната даночна пресметка се јавува долг од 1 денар немаат потреба да се грижат ниту имаaт обврска да го плаќаат

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните кај кои во Годишната даночна пресметка се јавува долг од 1 денар дека немаат потреба да се грижат ниту  имаaт обврска да го плаќаат.

“Долгот од еден денар се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50 дени тогаш се заокружува помалиот износ, а тоа на годишно ниво може да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата што овозможува автоматско пребивање на средствата”, појаснуваат од УЈП.  

Граѓаните во чии ГДП пријави се јавува долг или претплата од еден денар, а кои не ги потврдиле сами податоците за остварени приходи во 2024 година, по службена должност ќе бидат потврдени од страна на даночните службеници по што истите стануваат конечни, велат од УЈП. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП