30 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРА‘Доктор Живаго’ како мјузикл на Бродвеј

‘Доктор Живаго’ како мјузикл на Бродвеј

Untitled

Легендарната љубовна сторија „Доктор Живаго“ наскоро ќе ја добие и својата бродвејска музичко театарска верзија, педесет години откако славните Омар Шариф и Џули Крсти ги толкуваа главните ликови на филмот на Дејвид Лин кој доби Оскар за екранизацијата на истоимениот роман на рускиот книжевник Борис Пастернак.

На Борис Пастернак, за романот кој стана меѓународен бестселер станал откако е прокриумчарен од тогашниот Советски сојуз и објавени во Италија во 1957 година, една година подоцна му беше доделена Нобеловата награда за книжевност.

Љубовната приказна чие дејствие се одвива во текот на советската револуција и се смета за еден од најромантичните љубовни романи на сите времиња, првпат беше поставена како мјузикл во 2006 година во театарот „La Jolla Playhouse“ во Калифорнија, а во театарот „Broadway“ премиерно ќе биде изведена на 21-ви април во режија на Дезмонд Меканаф Мекана, повеќекратен добитник на наградата Тони.

„Многу време минавме обидувајќи се да ја структуираме приказната за да не ја занемариме нејзината љубовна страна, која е во нејзиниот центар, внимавајќи притоа да не ја намалиме ниту нејзината епска димензија“, вели Меканаф за The Guardian.

Иако Пастернак во книгата се занимава со трауматичните историски настани, во основа станува збор за славење на уметноста, животот и љубовта, смета режисерот. „Во крајна линија, тоа е приказна за петмина луѓе, тројца мажи вљубени во една жена, и две жени вљубени во ист маж. Тоа е она што е во центарот“, појаснува Меканаф.

Ликот на оженетиот лекар и поет идеалист Живаго ќе го толкува британскиот актер Рам Муту, кому ова ќе му биде првиот настап на Бродвеј, а неговата љубовница Лара, ќе ја игра Кели Барет. Оригиналните сонгови, пак, се дело на двократната добитничка на Греми, Луси Сајмон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП