20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри чекори до мирен сон

Три чекори до мирен сон

48777265354e4ac4227d3b104902021_w640

Во совршениот свет виe би спиеле барем 8 часа, во длабок сон. Меѓутоа, секојдневниот стрес влијае на лачењето на кортизолот, хормон кој го попречува здравиот сон. За среќа, на некои работи може да се влијае…

Изложете го телото на сончеви зраци

Обидете се да, во рок од 5 минути откако сте се пробудиле, да се изложите на сончеви зраци барем половина час за вашиот организам да свати дека е време за будење. Неодамнешното истражување покажа дека оние работници, кои во текот на денот одредено време биле изложени на природно светло, во текот на ноќта спијат 46 минути подолго од своите колеги.

Вежбајте исклучиво во утринските часови

Утринските вежби не само што го намалуваат нивото на кортизол во наредните 12 часа, туку и 30 минутните кардио вежби ви овозможуваат навечер побрзо да заспиете, да спиете подолго и да поминете за 75 проценти повеќе време во состојба на длабок сон од луѓето кои се навикнати да вежбаат во попладневните часови. Истиот ефект го има и јогата.

Јаглените хидрати консумирајте ги навечер

Лачењето на инсулин, кое е особено изразено по оброкот богат со јаглехидрати, би можело да помогне побрзо да заспиете, покажаа резултатите од едно истражување, објавено во магазинот „Cell“. Ограничете се на 15-20 грама јаглехидрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП