3 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИЛесна диета со помело

Лесна диета со помело

honey-pomelo-1

Помелото е цитрусно овошје, кое е богато со витамин Ц и витамин Б и често е дефинирано како сладок грејпфрут. Плодот содржи и калциум, фосфор, железо и токму овој балансиран состав го прави многу добар плод за време на диета.

Поради високата содржина на пектин и влакна, помелото остава долго чувство на ситост, а освен тоа е плод со ниско калорична вредност. Диетата со помело е многу лесна, но е потребно да се следи точно.

Најдобро е да престанете да консумирате висококалорична храна, не само за време на диетата, туку и по неа. Не консумирајте ниту алкохол, исфрлете ги цигарите и солената храна, како и зачинетите деликатеси.

Водата исто така е исклучително важна за време на диетата – секој ден пијте минимум 1.5 л. Освен вода можете да консумирате и овошни сокови (свежо цедени), зелен или црн чај. Вклучете ги во режимот најдобрите и најразлични зеленчуци и житарици.

Дозволени се и пилешките гради и говедското месо, но тие да не бидат мрсни. Помелото можете да го јадете како плод, а исто така може и да исцедите сок од него. Диетата се држи не повеќе од една недела – во овие седум дена може да го симнете до 5 килограми.

Луѓето кои не смеат да ја држат оваа диета се оние кои имаат интолеранција на агруми, луѓе со слаб имунитет. Не се препорачува и на луѓе кои страдаат од болести на дигестивниот систем, како и бремените жени.

Honey-Pomelo

Бидејќи во оваа диета има вклучено многу влакна, тоа ќе има позитивен ефект врз цревата, со што ќе се подобри и варењето. По завршувањето на диетата, пожелно е да продолжите да се храните здраво и избалансирано. За подобар ефект, комбинирајте ја оваа исхрана со физичка активност.

Освен пилешкото и говедското, дозволено е да јадете и риба. Се разбира, месото, како и рибата, не смеат да се пржени – најдобро печени или варени.

Пример мени за еден ден:

Појадокот може да биде половина помело, а малку подоцна, пред ручекот, 300 мл зелен чај и околу 50 гр. сирење, несолено.

За ручек направете пилешко месо со зеленчук. Тоа можат да бидат пиперки, тиквички, моркови, грашок и др. Во раните попладневни часови доаѓа редот за другата половина од помелото и 300 мл минерална вода.

Подоцна изедете едно тврдо варено јајце и уште половина помело.

За вечера сварете брокула и зачинете ја со половина лимон и една лажица маслиново масло. Со неа изедете уште една половина помело и една зелена јаболка. Испијте една чаша чај, кој ќе го засладите со 1 лажиче мед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП