6 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДoматот чини само 23 денари: Како е можно зеленчукот и овошјето во...

Дoматот чини само 23 денари: Како е можно зеленчукот и овошјето во Грција да е поевтино од кај нас

Грција и оваа година привлекува голем број туристи од Македонија, а покрај препознатливото море и плажи, вниманието често го привлекуваат и цените во продавниците.

За време на престојот во Неи Пори, една Србинка сподели фотографија од локалниот продавач на храна на популарната фејсбук група „Грчка Инфо“, а многумина беа изненадени колку некои прехранбени производи се поевтини таму.

Пиперката чини само 0,70 евра, што е околу 42 денари, додека килограм киви чини 3,50 евра, или околу 215 денари.

Праските се продаваат по цена од 3 евра (185 денари), јаболката чинат помеѓу 1,50 и 1,90 евра (околу 92 до 115 денари), а крушите чинат помеѓу 2,50 и 2,70 евра, односно од околу 154 до 166 денари.

Дињата е достапна за 1,80 евра, или околу 110 денари, додека доматите се вистинската „сензација“ со цена од само 0,38 евра или околу 23 денари за килограм.

Овие прифатливи цени изненадија многумина, особено оние кои се навикнати на поскапи намирници дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП