24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто фолна киселина?

Зошто фолна киселина?

boximage (6)

Некогаш фолната киселина била позната како важна хранлива материја за трудниците, бидејќи е здрава за здрав развој на фетусот.

Но таа не им е потребна само на мајките, туку, неодамнешните истражувања покажаа дека е важна и за мажите. На пример: ризикот за добивање на рак на цревата ќе се намали за повеќе од 50 проценти ако секој ден земате 400 микро-грами фолна киелина.

Таа исто така помага и при:

– Зачувување на чисти артерии

– Подобрување на помнењето

– Зачувување на бројноста и активноста на сперматозоидите

Каде се наоѓа фолната киселина?

Фолната киселина најмногу е застапена во спанаќот, брокулите, карфиолот, црниот дроб, телешкото и јагнешкото месо, сите темнозелени зеленчуци, морковот, дињата, авокадото и лебот. Додека консумирате храна богата со фолна киселина убаво е да пиете сок од портокал или друг сок богат со витамин Ц. Витаминот Ц му помага на телото подобро да ја апсорбира фолната киселина.

Производителите ја додаваат во повеќето овесни снегулки и други производи од житарици кои ги јадете за појадок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП