20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ќе добие модерен тренинг центар (фото)

Вардар ќе добие модерен тренинг центар (фото)

vardar-kompleks

Фудбалскиот клуб Вардар за првпат во својата историја ќе добие сопствени административни простории и современ тренинг центар кој ќе биде по сите стандарди на Европската и Светската фудбалска асоцијација УЕФА и ФИФА.

Ова на денешната прес-конференција го соопштија раководните луѓе на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

va

“Изградбата на тренинг центарот е уште една нова визија и план на сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Овој проект е дел од развојната програма на Вардар и има за цел на долг период да обезбеди активен прогрес на клубот во делот на тренажниот и натпреварувачкиот процес. Тренинг центарот заедно со составување силен тим беа едни од главните приоритети на ФК Вардар”, рече извршниот директор Самоил Симев.

Изградбата на тренинг центарот ќе чини еден милион евра, ќе започне во октомври, а реализацијата се очекува во март следната година.

vb

Локацијата на која ќе се гради комплексот се уште не е позната.

Претседателот на ФК Вардар, Мирко Спасески, информираше за содржините на тренинг центарот.

“Ќе има три терени од кои два со природна и еден со вештачка трева. Планиран е ресторан, 14 двокреветни соби, и три апартмани за сместување на играчите, стручниот штаб и раководството, кујна за нивните потреби, физиотерапевтски и спа центар, како и паркинзи”, потенцира Спасески.

На прес-конференцијата беше соопштено дека годишните билети за натпреварите на машкиот и женскиот ракометен клуб ќе важат и за дуелите на ФК Вардар.

vc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП