ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа.
Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, г-ѓа Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, а на настанот беа присутни и Министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков и амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин Мартин Памер.

