3 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФрижидерот лади, ама знае и да штеди – совети за сите нас!

Фрижидерот лади, ама знае и да штеди – совети за сите нас!

Освен за чување храна на безбедно, за ладење пиво или сок, фрижидерот е апарат која има уште една функција: алатка за економија, секако, доколку знаеме како правилно да го организираме просторот.

Ако фриждиерот ви е неуреден и ако на решетките и во фиоките владее целосен хаос наместо подреденост, тоа значи дека често ви се случува да ги купите истите работи што веќе ги имате во фрижидер, но не сте ни знаеле дека ги имате.

И токму тоа е едно од основните правила: видливото значи искористливо. Ако ја гледаме храната, тогаш не може да се случи да ја заборавиме. Па затоа, ве советуваме најновите производи да ги наредите позади, а старите да ги извлечете напред.

Станува збор за класично „first in, first out“ правило кое го користат професионалните кујни, а сè почесто го користат и супермаркетите.

Сигурно сте забележале во супермаркет дека производите со пократок рок на траење се најнапред, додека производите со поголем рок на траење се назад на решетката.

„Откако започнав да ги ставам старите производи напред, а новите позади, веќе не ми се случува да фрлам храна со поминат рок. На месечнно ниво можам слободно да кажам дека заштедувам најмалку 1.000 денари“, ни изјави Лидија Иванова од Скопје.

Но, тоа не е сè. За подобро штедење треба да се зонира просторот според температурата бидејќи фрижидерот не е еднакво студен насекаде.

Горните полици се одлични за готова храна, средните се за млечни производи, а долните се најстудени и тие се за месо и за риба.

Зеленчукот и овошјето треба да ги чувате во специјални фиоки каде што има повлажна средина, па така подолго ќе ви траат.

„Купував домати, ги ставав на најгорната решетка и ми се расипуваа за неколку дена. Затоа сега ги чувам во фиока и ми траат речини цела недела, па и подолго“, раскажува Милорад Велковски, пензионер од Скопје.

Подеднакво важно е и етикетирањето и пакувањето. Затоа, често користете пластични или стаклени кутии и на тој начин спречете го брзото расипување.

Не е тешко, а не е ниту срамота да ги потпишете кутиите со пенкало или со маркер.

„Направив супа и ја ставив во кутија на која го напишав датумот. Верувајте, тоа многу ми помогна. Никогаш не заборавив дека е таму и ја користев дури три пати како вечера. Порано, ќе ја заборавев и на крајот ќе ја фрлев на мачките“, раскажува Мартина Славкова, студент.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар