20 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНедостигот на сон поврзан со лажно помнење

Недостигот на сон поврзан со лажно помнење

C

Истражувањето спроведено во САД укажува на врската меѓу недостигот на сон и поголеми шанси за присетување на настани кои никогаш не се случиле.

Научниците од Универзитетот Калифорнија и државниот универзитет Мичиген своите наоди ги темелат врз следење на 104 испитаници.

Помнењето на учесниците во истражувањето е тестирано со помош на низа фотографии на злосторства во тек.

Се покажало дека испитаниците на кои не им било дозволено да спијат, во поголем број случаи погрешно се присетувале на претходно видени настани на фотографиите, и дури биле наклонети да тврдат дека настаните се одвивале целосно поинаку.

Стручното списание „Psychological Science“ пишува дека недостигот на сон придонесува за формирање лажно помнење, што може да има последици врз делувањето на правниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП