3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата е сериозна пречка за развој на одржлив енергетски систем во југоисточна...

Корупцијата е сериозна пречка за развој на одржлив енергетски систем во југоисточна Европа

konferencija-naslovna

Земјите од југоисточна Европа трпат големо влијание од корупцијата во енергетскиот систем, поради корупција во последните децении се „изгубени“ десеттици милиони евра во седум земји, покажува студијата „Победници и губитници: Кој има корист од високата корупција во енергетскиот сектор на југоисточна Европа?“, која беше промовирана во Брисел, за време на Конференцијата за политика на високо ниво, како дел од Европската недела на одржлива енергија 2014.

Граѓанските организации кои стојат зад извештајот за корупција ги повикаа институциите на Европската унија да ја третираат реформата во енергетскиот сектор во југоисточна Европа како ургентен приоритет. „ЕУ треба да обрне посебно внимание на случувањата во енергетскиот сектор во регионот, вклучувајќи ги приватизациите и тендерите за нови проекти; како и да ги надгледува владините планови за инвестиции кои често не ги одразуваат потребите за одржлива енергетска иднина“, изјави пред панелистите Garret Tankosić-Kelly, директор на SEE Change Net.

Konferencija - Sedmica odrzive energije EU 2014_03

Анализата сумира неколку случаи на висока корупција во енергетските сектори на земјите на бивша Југославија плус Албанија, и јасно покажува дека корупцијата е голема пречка за одржливоста на енергетските системи во наведените држави. Покрај останатите, во извештајот е елабориран и случајот со бившиот Премиер на Хрватска Иво Санадер, кој беше обвинет за примање на мито од десет милиони евра од унгарската компанија MOL, за истата да биде фаворизирана на хрватскиот пазар; како и македонскиот случај на картелско здружување на четири компании на тендерот во јануари 2012, со што незаконски ја манипулирале цената за увоз на електрична енергија во земјава.

„Високата корупција и слабите институции претставуваат сериозни пречки на патот до одржлива енергетска иднина во југоисточна Европа“ изјави Marko Prelec, Извршен директор на Balkans Policy Research Group и главен автор на извештајот.

Говорејќи за содржината на извештајот, Dejan Milovac, заменик извршен директор на граѓанската организација за анти-корупција MANS од Црна Гора, изјави: „Ние како општество немаме намера да ја толерираме кражбата на нашата иднина. Корупцијата во енергетскиот сектор целосно го менува пејсажот на една земја.”

Konferencija - Sedmica odrzive energije EU 2014_01

Leila Bičakčić, извршен директор на Центарот за истражувачко новинарство од Босна и Херцеговина, изјави дека во регионот се потребни повеќе извештаи кои ќе ја истражуваат корупцијата во енергетиката. „Треба да бараме многу поголема транспарентност од владите. Корупцијата ќе биде многу потешко изводлива доколку имаме потранспарентни документации и процеси на носење одлуки, со толку очи вперени во тебе нема да биде така лесно да се биде коруптивен. Во оваа смисла ЕУ треба многу посилно да ги услови владите во регионот кои имаат аспирации да станат дел од Унијата во блиска иднина.”

„Околу 30 милијарди евра се планира да се потрошат во енергетиката на земјите од регионот до 2020. На регионот му се потребни сигурни извори на енергија, а на населението му е потребно таа енергија да биде чиста.”, изјави Prelec. „Државите на југоисточна Европа треба да ги спроведат сите овие проекти на чист и транспарентен начин, и доколку успеат во тоа, енергетскиот сектор може да биде клучот за „де-Балканизација“ на регионот.”

Dirk Buschle, заменик директор на Енергетската заедница истакна дека ЕУ има добар пакет закони за енергетика кои може да придонесат во борбата против корупција. „Овие закони во голема мера се веќе транспонирани. Последниот чекор во транспозицијата на легислативата би требало да биде нивна примена на отворен и транспарентен начин, ова ќе ја спречи корупцијата и ќе им овозможи на институциите да стекнат доверба, да ги елиминираат сомневањата за корупција. Институциите, судовите и регулаторните тела во регионот се слаби и под растечки притисок.“

Ставот на Buschle е дека решение за регионот може да биде неутрално правно тело кое би ги разрешувало, меѓу останатото, и случаите на корупција и нетранспарентност, како есенција на европското искуство и почитување на владеењето на правото.

Целосниот извештај е достапен на интернет страницата на SEE Change Net, на следниов линк: http://bit.ly/1m9QDoQ

 

Погледнете ја мапата на случаите на корупција елаборирани во извештајот на овој линк: http://bankwatch.org/SEE-energy-corruption

 

Партнерски организации на SEE SEP:

 

SEE Change Net (Босна и Херцеговина)

Analytica (Македонија)

Advocacy Training and Resource Center – ATRC (Косово)

CEKOR (Србија)

Public Interest Advocacy Center (Босна и Херцеговина)

Center for Environment (Босна и Херцеговина)

DOOR (Хрватска)

Environmental Center for Development, Education and Networking (Албанија)

Ekolevizja (Албанија)

Eko-Svest (Македонија)

Forum for Freedom in Education – FSO (Хрватска)

Fractal (Србија)

Front 21/42 (Македонија)

Green Home (Црна Гора)

MANS (Црна Гора)

CEE Bankwatch Network (Чешка)

WWF Mediterranean (Италија)

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП