2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПраски - слатки и вкусни, но пред се здрави!

Праски – слатки и вкусни, но пред се здрави!

boximage

Првата и најважна придобивка од праските е бета каротенот кој се наоѓа во нејзиниот состав. Овие пигменти во организмот се претвараат во ретинол (витамин А) кој го чува и подобрува вашиот вид. Во последно време се повеќе се спроведуваат истражувања на тема како овие пигменти влијаат при заштитата од штетните сончеви зраци, а се препорачуваат и како терапија за лицата осетливи на сончеви зраци.

Праските содржат витамин Ц, моќен антиоксиданс и есенцијален витамин за здравата кожа. Овој витамин учествува во производството на колаген. Колку повеќе витамин Ц, токлу помалку брчки, а голема количина на витамин Ц можете да добиете само од една праска.

Детоксикацијата со чај од праска се смета за еден од најефикасните начини во источната култура. Но, и количината на растителни влакна во нив не е за потценување. На овој начин се спречуваат проблемите со дигестивниот систем. Калиумот кој исто така се наоѓа во праската, овозможува одржување на електролитен баланс во телото и правилна контракција на мускулите. Новите истражувања покажаа дека полифенолот од праските може да го забави размножувањето на клетките со рак, како и метастатските депозити.

Внесувајте го ова овошје секојдневно, тоа значително го подобрува вашето здрваје и го чува вашето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП