25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСите придобивки од грашокот

Сите придобивки од грашокот

Peas_in_pods_-_Studio

Некогаш грашокот го сметале за храна за сиромашни, но денес тој е вистинска суперхрана. Грашокот содржи многу протеини и ја поттикнува изградбата на мускулна маса. Само 100 грама грашок го снабдуваат организмот со десет пати повеќе протеини отколку кога ги внесуваме, на пример, преку виршли со помфрит или парче торта со шлаг.

Освен тоа, грашокот има значителна количина на магнезиум и богат е со витаминот Б. Само малку издинстан, грашокот станува вистинско антистрес јадење идеално за пролетните денови.

Исто така, грашокот е идеален оброк и за малите деца, бидејќи им ја дава неопходната енергија.

Освен тоа, ја поттикнува изградбата на мускулна маса, ги зајакнува нервите, косата и сврзното ткиво, како и видот и концентрацијата. Сега имате уште многу причини плус за да ја консумирате оваа намирница…

mahune-2

Ги чува коските

Грашокот ги одржува здрави коските и кардиоваскуларниот систем бидејќи е одличен извор на витамин К.

Извор на железо

Грашокот е добар извор на железо кое е потребно за изградба на клетките во крвта, а чиј недостаток предизвикува анемија, замор и слаб имунитет.

Правилна работа на цревата

Доколку често го консумирате, си обезбедувате постојан прилив на енергија и правилна работа на цревата. Витаминот Б1 поволно влијае и на нервниот систем и метаболизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП