27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза-инфо(09.06.2014)

Македонска берза-инфо(09.06.2014)

mkb

На 09.06.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 3.391.211,75 денари (54.976,28 евра) од кои 3.391.211,75 денари се остварени на Официјалниот пазар. Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Алкалоид Скопје со промет од 2.004.480,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст на 09.06.2014 година забележаа акциите на Тетекс Тетово со процентуален пораст на просечната цена од 3,00%. На 09.06.2014 година на Македонската берза се склучени 3 системски блок трансакции и тоа:

-1.750 обични акции на Раде Кончар Скопје(RADE) по цена од 1.300,00 денари за една акција, што претставува 0,85% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 2.275.000,00 денари.

-1.070 обични акции на Раде Кончар Скопје(RADE) по цена од 1.300,00 денари за една акција, што претставува 0,52% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.391.000,00 денари.

-1.110 обични акции на Раде Кончар Скопје(RADE) по цена од 1.300,00 денари за една акција, што претставува 0,54% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.443.000,00 денари.

 

Издвојуваме:

 

-Топлификација АД Скопје објави ревидирани финансиски извештаи за 2013 година и годишен извештај за работењето во 2013 година.

-МЗТ Пумпи АД Скопје објави годишен извештај за работењето во 2013 година

-ЗК Пелагонија АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Агромеханика АД Скопје и Технокомерц АД Скопје објавија одлуки од Собрание на акционери.

За повеќе информации посетете ја Интернет страната на Македонска берза http://www.mse.mk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП