26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 начини редовно да пиете млеко

5 начини редовно да пиете млеко

mleko-2-490x490

Познатата нутриционистка Венди Базилиан препорачува избалансирана исхрана која се базира на консумирање на зеленчук, овошје, мешункасти растенија, семки, цели житарки, протеини, вода, чај и млеко. Таа вели дека работите што ги пиеме треба да ни понудат уште нешто, освен тоа што имаат добар вкус.

Млекото добро се вклопува во овој план на урамнотежена здрава храна затоа што ги содржи препорачливите дози на витамини и минерали. Ова се нејзините препораки како да го вклучите млекото во оброците.

Започнете го денот со млеко

Ова е еден од најстарите трикови кои веќе ги знаете. Додадете го млекото во утринскиот оброк од житарки или овесна каша. Aко пиете шејкови за појадок, ете уште еден начин да го вклучите млекото во утринскиот оброк.

Млекото како ужина

Млекото е совршена попладневна ужина затоа што содржи дибар баланс на протеини и јаглехидрати, слатко е и има многу хранливи материи.

Додадете млеко во кафето

Ова е добар начин да го намалите внесот на кофеин, а да го зголемите внесувањето на хранливи материи, особено ако пиете многу кафе во текот на денот.

Млеко за десерт

Ако сте на диета или внимавате на внесувањето на калории, млекото е одлична замена за колачите и чоколатцата. И чоколадното млеко ќе ви донесе повеќе добро отколку кексите или колачот, а можете сами да направите ароматизирано млеко така што во него ќе додадете некое овошје или зачин.

Млеко пред спиење

Потсетете се на детството и напијте се шолја топло млеко пред одење во кревет. Лошиот сон може да го забави метаболизмот и да го зголеми ризикот од појава на хронични болести. Млекото ќе ви овозможи поубаво да спиете, а вашиот организам ќе го нахрани со многу корисни компоненти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП