4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНема да верувате колку се здрави кикириките

Нема да верувате колку се здрави кикириките

1398727036kikiriki

Одлично се вклопуваат во десертите, совршени се со вашиот омилен филм и неизбежни се при спортски настани, но кикириките се и повеќе oд тоа. Погледнете и кои лековите својства ги имаат овие вкусни намирници…

Го намалуваат холестеролот

Иако спаѓаат во намирниците со висока содржина на масти и калории, бројните студии покажале дека кикириките всушност можат да делуваат превентивно на срцевите заболувања и да го намалат холестеролот и триглицеридите, и тоа без зголемување на телесната тежина.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Истражувањето објавено во стручниот магазин „British Journal of Nutrition“, покажало дека путерот од кикирики или кикириките можат да го одржат стабилно нивото на шеќер во крвта во текот на денот, ако овие намирници сте ги земале за појадок. Овој позитивен ефект нема да заостане ниту ако подоцна во текот на денот изедете ручек богат со јаглени хидрати.

Го намалуваат апетитот

Споменатото истражување покажало дека кикириките, исто така, го намалуваат апетитот, но и влијаат на зголеменото лачење на хормонот „PYY“ кој предизвикува чувство на ситост.

Содржат „добри“ масти

Покрај тоа што позитивно влијаат на губењето на вишокот килограми, кикириките се намирници богати со таканаречените „добри“ масти, кои позитивно влијаат на здравјето на срцето, но и на целокупното здравје.

Ја зголемуваат концентрацијата и способноста за паметење

Кикириките содржат многу витамин Б3, ниацин, кој, покрај бројните лековити својства, познат е и по тоа што помага нормално да функционира мозокот и ја зголемува способноста за паметење, односно меморијата.

Содржат лековити хранливи материи

Во секое зрно од кикириките се наоѓаат многу хранливи состојки, кои делуваат позитивно на вашиот имунитет и на општото здравје. Кикириките содржат единствени биоактивни состојки кои делуваат како антиоксиданти и делуваат превентивно на многу болести. Богати се со витамините Б1 и Б3, Е, магнезиум, цинк, железо, калциум, манган…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП