28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА 9 КГ

ДИЕТА 9 КГ

Името на оваа диета кажува се: Се губат 9 килограми за две недели. Е сега, дали ќе ви се посреќи навистина да ги изгубите тие фамозни 9 кг или тоа ќе биде помалку зависи и од некои други фактори: доследноста во спроведувањето на диетата, активностите, вашиот метаболизам…

Самата диета е многу популарна меѓу оние кои повремено држат диети, затоа што и да намалите 5 кг за две недели – ни тоа не е мала работа, а искуствата на бројните практичари покажуваат дека и по враќањето на „нормалната“ или „старата “ исхрана килограмите тешко се враќаат – што покажува дека дошло и до промена на метаболизамот.

Секако, диетата е предвидена за потполно здрави лица со претходна консултација со лекар (всушност, ова правило важи за сите диети). Диетата 9 кг спаѓа во брзите диети и не се препорачува како животен стил – туку, евентуално како брза помош.

Бидејќи оваа диета има повеќе варијации, пред вас е онаа која ја проверивме и се уверивме дека добро функционира.

Диета 9 кг – мени по денови

Кај оваа диета појадокот е „убиствен“ односно кафе и само кафе, секој ден. И тоа без шеќер. Можете да користите засладувач доколку сте навикнале на слаткиот вкус на кафето. Многу е важно да конзумирате доста ВОДА ( околу 1,5 до 2 л ) и многу е поволно во овие две недели да вклучите некоја минерално – витаминска формула која ви одговара. Една од варијациите на оваа диета дозволува од третиот ден употреба на пециво со кафето, што за оние на кои тешко им паѓа да пијат само кафе – го олеснува нејзиното држење.

Понеделник:

Појадок

– црно кафе без шеќер

Ручек

– 2 варени јајца

– спанаќ варен во солена вода

Вечера

– 1 голем бифтек печен на малку масло

– зелена салата

Вторник:

Појадок

– црно кафе без шеќер

Ручек

– 1 голем стек на жар

– зелена салата

– овошје по желба

Вечера

– варена шунка – колку што сакате

Среда:

Појадок

– црно кафе без шеќер

Ручек

– 2 варени јајца

– зелена салата

– 1 домат

Вечера

– варена шунка – колку што сакате

– зелена салата

Четврток:

Појадок

– кафе без шеќер

Ручек

– 1 варено јајце

– варена репка или морков

– 100 гр свежо сирење

Вечера

– сезонско овошје

– природен јогурт во количина која ви одговара

Петок:

Појадок

– кафе без шеќер

– изрендана свежа репка или моркови со лимон

Ручек

– 1 поголема варена риба

– 1 домат

Вечера

– 1 голем стек на скара

– зелена салата

Сабота:

Појадок

чај со лимон (без шеќер)

Ручек

– пиле на скара

Вечера

– 2 варени јајца

– свежа репка или морков

Недела:

Појадок

– чај со лимон (без шеќер)

Ручек

– 1 голем стек печен на 1 – 2 лажички масло

– салата по избор

– овошје по избор

Вечера

– по желба изберете нешто од менито

Додатни напомени:

– Диетата 9 кг се состои од 2 цилкуси од по 7 дена што значи дека после неделата почнувате со вториот круг – следејќи го менито за понеделник.

– Салатата можете да ја зачините со лимон и сол.

– Овошјето, салатата, морковите или репката можете да ги јадете во неограничени количини кога се на менито.

– Стекот може да го зачините со сол и зачини. А колку „голем“ да биде тој? Па, до 300 гр. максимум.

Па, среќно – и кажете ни ги вашите резултати !

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП