18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ја елиминираат зависноста од шеќер

Намирници кои ја елиминираат зависноста од шеќер

zavisnostsheker54dbfdbh

Повеќето од нас не знаат да објаснат зошто во тешките емоционални ситуации посегнуваат по кекси, колачи или чоколадо.. Многумина веруваат дека овие намирници им помагаат едноставно затоа што имаат одличен вкус. Но, тоа е само една од причините. Всушност, ваквата храна не привлекува затоа што содржи материи кои го зголемуваат расположението, а тоа се едноставните јаглехидрати, односно моносахариди и дисахариди – за нас познати како шеќери.

Потребата за серотонин

Во нашиот организам, шеќерите или едноставните јаглехидрати започнуваат низа хемиски процеси кои водат до зголемување на нивото на серотонин во организмот. Истражувањата покажуваат дека ниското ниво на серотонин е една од главните причини за појава на желбата за слатко.

Серотонинот е невротрансмитер кој создава чувство на мир и задоволство. Колку повеќе серотонин имаме во организмот, толку подобро се чувствуваме. Поради ова, кога ни е потребно брзо зголемување на нивото на серотонин, бараме храна која е богата со шеќери. За жал, премногу често го наоѓаме серотонинот во преработени намирници кои содржат многу калории и малку хранливи материи.

Претераното конзумирање на храна која содржи вакви едноставни јаглехидрати може да предизвика голем број на здравствени проблеми. Меѓу нив најчесто тоа е дијабетесот, прекумерната телесна тежина, болести на срцето и крвните садови. И не само тоа, докажано е дека конзумирањето на обичен бел шеќер го оштетува црниот дроб, ја пореметува работата на хормоните и го зголемува ризикот од рак.

Како да го прекинеме волшебниот круг

Ако премногу и попуштиме на желбата за шеќер во преработена храна, предизвикуваме брз пораст, а потоа и брз пад на нивото на глукоза во крвта. Ова нагло опаѓање на глукозата поттикнува уште поголема потеба за шеќер, па така се создава еден волшебен круг кој може да се прекине само ако се конзумира здрава храна која ја намалува потребата за шеќер, велат нутриционистите.

И сложените јаглехидрати односно полисахаридите, имаат исто дејство во однос на серотонинот, само тоа го прават побавно. Следните намирници ќе ја задоволат вашата потреба за слатки, без да му наштетат на вашето здравје…

1. Домати

Доматите се ефикасни против желбата за шеќер бидејќи содржат високо количество на триптофан – материја која организмот ја претвора во серотонин. Доматите се исто така богати и со хром, минерал кој ја намалува потребата за храна, а го регулира и холестеролот и нивото на глукоза во крвта.

2. Јаболко

Едно од најдобрите овошја кои можат одлично да ја задоволат вашата желба за слатко е јаболкото. Лесно можете секогаш да го носите со себе, и не е потребно да го лупите или сечете како другите овошја. Дури и киселите сорти на јаболки содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато и со прехранбени влакна кои даваат чувство на ситост и ја намалуваат желбата за јадење.

3. Пченка (шеќерка)

Шеќерната пченка е уште една здрава намирница која може да ви помогне во „одвикнувањето од слатки“. Особено добро ја намалува потребата за слатко кога се конзумира варена. Изобилува со антиоксиданти, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен што ја намалува желбата за слатко, ја намалува и желбата за јадење.

4. Сладок компир

Уште еден зеленчук кој може многу да ви помогне е слаткиот компир. Одличен е не само поради тоа што ја задоволува потребата на организмот за шеќер, туку и поради тоа изобилува со витамините Ц, Д и Б6, како и железо. Хранливите материи во слаткиот компир можат да спречат различни болести на срцето, рак, како и други дегенеративни болести.

5. Цимет

Циметот е фантастичен зачин кој има одличен вкус и мирис, па може да се додаде во многу јадења. Циметот одлично помага во намалувањето на желбата за слатко. Тој ги спречува наглите осцилации на нивото на глукоза во организмот кои придонесуваат за зголемување на потребата за шеќер, и со тоа ја одложуваат потребата за внесување на нови порции шеќер.

Наведените намирници не само што ја намалуваат вашата потреба за слатко, туку и го подобруваат вашето здравје и ја чуваат вашата витка линија.

Како алтернатива за белиот шеќер при подготвувањето на колачи и десерти можете да користите јаворов сируп или агава сируп, стевија или кокосов шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП