2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрави навики кои штитат од мозочен удар

Здрави навики кои штитат од мозочен удар

mozocenudar456v6e64w

Активниот живот, контролата на холестеролот и шеќерот во крвта, здравата исхрана, редовното мерење притисок, одржување на телесната тежина, се навики кои треба да ги имаат луѓето за да се заштитат и да го намалат ризикот од мозочен удар.

Резултатите од најновото истражување на американски лекари покажуваат дека доколку луѓето успеат да се сменат некои од животните навики, големи се шансите да се намали ризикот од мозочен удар.

Во истражувањето кое го спровел експертски тим за проценка на ризик од мозочен удар учествувале 23.000 испитаници на возраст од 45 години и повеќе, а експертите се раководеле според препораките на Американското здружение за здравје на срцето, кое наведува седум фактори важни за здравјето. Тие фактори се: активен живот, контролирање на холесторолот и шеќерот во крвта, здрава исхрана, редовно мерење притисок, одржување на телесната тежина и секако непушењето.

Во текот на петте години, колку што траело испитувањето, забележани се 432 случаи на мозочен удар кај испитаниците. Сите седум фактори притоа играле важна улога во предвидувањето на ризикот од мозочен удар, а најважниот фактор бил крвниот притисок, односно висината на крвниот притисок.

„Во споредба со лицата кои имале лош резултат од мерењето на крвниот притисок, пациентите со идеален притисок имале 60 отсто помал ризик од мозочен удар во иднина“, изјави еден од експертите, докторката Мери Кушман, професор по медицина на Универзитетот Вермонт.

Заедно со својот тим на колеги, докторката Кушман заклучи дека лицата кои не пушат или кои престанале со оваа навика повеќе од една година пред почетокот на испитувањето, имале 40 проценти помал ризик од мозочен удар.

„Ова истражување покажа и уште еднаш ја истакна важноста за здравите животни навики, односно усвојувањето на тие навики“, заклучи таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП