19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПомага при воспаленија, го регулира варењето, притисокот и холестеролот

Помага при воспаленија, го регулира варењето, притисокот и холестеролот

16-celer

Јаболкото ја има титулата за најздраво овошје, а спанаќот за најздрав зеленчук. Во споредба со нив целерот е прилично занемарен. Кога ќе ги прочитате причините поради кои тој е многу добар за здравјето, тој би можел да стане вашиот омилен зеленчук.

1. Ја регулира тежината

Еден голем целер има само 10 калории. Затоа, започнете да го користите во салатите и супите.

2. Помага при воспаленија

Ако имате воспаление на белите дробови, асма или акни јадете повеќе целер, тој ќе го ублажи воспалението.

3. Целерот смирува

Оваа билка е полна со магнезиум и етерични масла кои помагаат при смирувањето на нервниот систем. Еден целер пред спиење ви помага полесно да заспиете и да имате подобар сон.

4. Ја регулира PH вредноста во организмот

Целерот има доста минерали кои помагаат при намалувањето на киселината во желудникот.

5. Помага при варењето

Целерот помага при процесот на варење на храната. Високиот процент на вода во комбинација со влакната помага при регулирање на столицата.

6. Содржи добра сол

Солта во целерот е органска, природна и неопходна за вашето здравје

7. Добар е за видот

Едно парче целер содржи до 10 проценти од дневните потреби на телото за витаминот А, кој е неопходен за добриот вид.

8. Целерот го контролира лошиот холестерол

Состојќата butylphthalide, кој му дава специфичен вкус на целерот, исто така, помага и при намалувањето на количината на лош холестерол во телото.

9. Го намалува крвниот притисок

Свежиот целер, научно докажано, го намалува крвниот притисок.

10. Делува како афродизијак

Научно е докажано дека целерот има состојќи кои стимулираат сексуална возбуда.

11. Помага при рак

Повеќе истражувања покажале дека целерот го забавува и спречува растот на малигните клетки, особено клетките на ракот на панкреас. Истото важи и при формирањето на рак на дојка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП