8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУбава, здрава и блескава насмевка? Еве како...

Убава, здрава и блескава насмевка? Еве како…

belizabibeli12

Убава, здрава и блескава насмевка? Тоа е, секако, желбата на сите, меѓутоа, лошата исхрана, нездравиот начин на живот и навиките како што се пушењето цигари и конзумирањето алкохол, резултираат со жолти заби. Денес голем број на луѓе се борат со лошиот изглед на забите, а исто така и со насмевката. Како да ги избелите своите заби и да ја вратите привлечната насмевка?

Доколку имате доволно средства и пари, идеалното решение за вас е да го посетите вашиот стоматолог и тој да се погрижи за белеењето на вашите заби. Меѓутоа, доколку немате пари и слободно време за ова не се грижете има решение и за вас. Вашата насмевка ќе биде повторно блескава само со неколку чекори.

Дали во вашиот дом имате сода бикарбона, доколку имате, тоа е полн погодок. Таа е позната по својата ефикасност кога станува збор за отстранувањето на дамки. Во тоа го вбројуваме и остранувањето на дамки од забите. Се што ви е потребно е во еден сад да ставите една кесичка сода бикарбона, да додадете три лажици маслиново масло, една лажица мед и неколку капки оцет. Наместо алкохолен оцет, подобро е да употребите јаболков оцет. Тој, всушност не е толку силен и нема да ја оштети глеќта на забите и вашата усна шуплина.

Промешајте ги сите состојки и оставете ги во фрижидер. Смесата треба да мирува еден час во фрижидер. Таа треба да стане густа, тогаш е идеална за користење. Мијте ги забите околу 3 минути и обилно исплакнете. Постапката можете да ја повторувате секојдневно, а по една недела ќе забележите неверојатни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП