28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо и Руни повторно заедно, но сега во Реал!?

Роналдо и Руни повторно заедно, но сега во Реал!?

vejn-runi-i-kristijano-ronaldo-1368519781-310003

Во текот на летото Реал Мадрид може да ги спои повторно Кристијано Роналдо и Вејн Руни. Според „Дејли Меил“ англискиот репрезентативец е дел од листата на трите имиња на напаѓачи кои се најпосакувани на „Сантијаго Бернабеу“.

Другите двајца се голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и ѕвездата на Монако, Радамел Фалкао.

Договорот на Руни со Манчестер Јунајтед истекува за 18 месеци, но се уште нема добри изгледи за негово обновување. Така тој може да повторно да биде во центарот на нова транферна сага, како што беше случајот и пред почетокот на сезоната, кога менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо се обиде да го доведе Руни на „Стемфорд Бриџ“.

Пред дербито помеѓу Челзи и Јунајтед, Португалецот дури изјави дека според него актуелниот шампион ќе го продаде Руни во текот на летото. Дејвид Мојс изјави дека ова не е вистина.

Според „Дејли Меил“ сигурно Реал ќе упати понуда за Руни во текот на летото, уште повеќе поради тоа дека Манчестер Сити и Монако во никој случај нема да се согласат ги продадат Агуеро, односно Фалкао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП