Европските и американските берзански индекси денес растат по објавувањето на прелиминарниот трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, додека пазарите со нетрпение ги очекуваат и важните трговски разговори меѓу Кина и САД што започнуваат викендот во Швајцарија.
Покрај тоа, инвеститорите ќе ги следат извештаите за заработка на германската „Commerzbank“, италијанската „Mediobanca“ и шпанската телекомуникациска компанија „Cellnex“, пренесува CNBC.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,55 проценти на 23.472,50 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,33 проценти на 8.559,98 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 проценти на 7.733,59 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,62 проценти на 41.368,45 поени, индексот S&P 500 за 0,58 проценти на 5.663,84 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,07 проценти на 17.928,14 поени.
Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата „TTF“ по цена од 35,7 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 60.345 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 63.268 долари.
Цената на златото се искачи на 3.327,72 долари за унца, а цената на пченицата на 5,1378 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата е 1,1250, што е за 0,19 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.