2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈаткастите плодови ви го чуваат срцето

Јаткастите плодови ви го чуваат срцето

jatkasti552323

Консумирањето на јаткасти плодови, како дел од вашата исхрана е добро за здравјето на срцето. Јаткастите плодови не се скапа храна, лесни се за складирање, идеални се за ужина, многу едноставно можете да ги земете со вас на работа или на училиште и содржат незаситени масни киселини.

Повеќето научни истражувања, во кои учествуваат луѓе кои консумираат јаткасти плодови како дел од диета за здраво срце, покажуваат дека јаткастите плодови го намалуваат нивото на LDL т.е. „лошиот“ холестерол во крвта. Зголеменото присуство на LDL е основна причина за појавата на срцеви заболувања. Поради тоа, јаткастите плодови со својата способност да го намалуваат „лошиот“ холестерол, го подобруваат здравјето на срцето.

Консумирањето на јаткасти плодови го намалува и ризикот од згрутчување на крвта, кое може да предизвика фатален срцев удар.

Сепак, цврсти докази за влијанието на јаткастите плодови врз здравјето на срцето нема, затоа што резултатите од истражувањата само укажуваат на тоа влијание, но не го потврдуваат целосно.

Иако зависи од самиот вид, јаткастите плодови содржат најмалку некои од овие супстанции:

Незаситени масти. Експертите веруваат дека „добрите“ масти, кои ги има во јаткастите плодови, го намалуваат „лошиот“ холестерол.

Омега-3 масни киселини. Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор.

Л-аргинин. Јаткастите плодови содржат и многу Л-аргинин. Тоа е супстанција која помага во подобрувањето на здравјето на ѕидовите на артериите, преку тоа што им ја подобрува флексибилноста и ги прави помалку склони кон згрутчување на крвта.

Растителни влакна. Сите јаткасти плодови содржат растителни влакна, кои можат да го намалат холестеролот во крвта. Растителните влакна ве прават да се чувствувате сити и со тоа ќе јадете помалку. Исто така, тие се смета дека помагаат во превенцијата од дијабетес.

Витамин Е. Истражувачите се уште не се сигурни, но се смета дека витаминот Е може да го спречи развивањето на талог во артериите. Со тоа се намалува ризикот од појава на срцев удар или коронарни артериски болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП