28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрави намирници за секој ден

Здрави намирници за секој ден

spinach

Следните состојки треба секојдневно да бидат присутни на вашето мени, а голем плус е и тоа што не се преголем товар на се поскромниот домашен буџет.

1. Лиснат зеленчук

Медицинските експерти го нарекуваат природно чудо во исхраната. Зелениот лиснат зеленчук, како спанакот и зелката има многу хранливи состојки, како што се фолната киселина и витамините А и Ц. Мала доза на овој темнозелен зеленчук може да ги спречи појавите на дијабетес и висок крвен притисок.

2. Јаболка

Содржат влакна кои даваат чувство на заситување и имаат двојно дејство на намалување на нивото на холестеролот. Некои доктори по масивен оброк препорачуваат да се консумира сок од јаболка, заради намалување на негативните ефекти од таквата храна на организмот.

3. Јаткасти плодови

Повеќе нутриционисти ги препорачуваат бадемите, индискиот орев и оревите, бидејќи се богати со природни влакна кои го намалуваат дигестивниот процес и го држат под контрола чувството на глад.

4. Кромид

Редовната употреба на кромидот во исхраната може да ги намали симптомите на астма и да го намали ризикот од појава на рак на желудник. Може да се додава во супите и салатите, а колку е посилен неговиот вкус, толку е поголема неговата здравствена корист.

5. Житарки од цело зрно

Рафинираните житарки како оризот и тестенините губат дури 90 проценти од својата хранлива вредност. Неодамнешното истражување покажа дека исхраната богата со интегрални житарки влијае и на изгледот на стомакот, бидејќи токму со секојдневна консумација на интегрални житарки може да се намали неговиот обем.

6. Јогурт

Освен што го подобрува дигестивниот систем, јогуртот е збогатен со витамин Д и ја спречува појавата на остеопороза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП