24 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИПрво Сечи Потоа Дели !

Прво Сечи Потоа Дели !

kkkkkkk

Неделен преглед за 23-27 Декември 2013

За разлика од претходно, оваа анализа ке биде посветена на краток и општ преглед за финансиските пазари бидејки практично се работи за последни неколку работни дена. Без да навлегуваме во детали ке ги изнесеме само крајните заклучоци и согледувања бидејки многу неизвесности кои беа присутни во текот на оваа 2013 година сега се веке разрешени. Всушност можеме, како што сугерира и насловот фигуративно да кажеме дека картите се на маса, играчите се спремни, но прво треба шпилот да биде пресечен. Со оваа асоцијација целта е да се укаже дека вообичаена пракса е последните работни денови најчесто да се во функција на принудно затварање на отворените позиции на поголемите учесници на пазарот што предизвикува вештачко контра движење на сите пазари.  Причина за тоа е изработката на финансиските биланси за 2013 година на големите фондови и инвестициски банки кој се најактивни и најзначајни учесници на пазарите. Токму затоа можно е да сме сведоци на невообичаено чудни и по малку нелогични движења на цените. Можно е таму каде имаме тренд на пад да видиме мал раст на цената и обратно онаму каде имаме раст да видиме ценовен пад. Затоа бидете предпазливи.
Да видиме пооделно каде е каква  состојбата и што тоа би можело да значи
САД –  Состојбата е подобрена скоро во секој поглед. Намален број на незапосленост. Зголемено производство. Подобрена доверба на инвеститорите и потрошувачите. Состојба на пазарот на недвижности стабилизирана. Раст на БНП над предвидувањата. Инфлација на ниско ниво. Почеток на постепен излез од програмот за монетарно олеснување заради оптимистичките прогнози. Во текот на викендов и претседателката на ММФ К.Лагард изрази многу оптимистички прогнози и размислувања за економијата во САД. Иако по малку прадоксално ова е истовремено  позитивно и за американскиот долар (заради кратењето на програмот) и за берзата во САД (заради подобрите прогнози за раст на БНП)
Англија – официјално потврдени подобрувања во секој поглед дури и забелешка од заменик гувернерот дека состојбата на пазарот на недвижности е во состојба на умерена прегреаност и можеби не е лошо да се размисли за скоро подигање на каматната стапка заради заштита од прегревање на истиот. Ова е доста позитивно за британската фунта. Всушност Англија е засега прва од најразвиените земји која споменува подигање на каматната стапка на централната банка. Секако само како неофицијално размислување (на официјален субјект).
Европа – Измешани податоци. Официјалните претставници заговаарат долго задржување на ниска каматна стапка. Ситуацијата во многу земји на еврозоната сеуште не е задоволителна но минимално подобрување има. Потребно е уште монетарно олеснување и поддршка за понатамошен раст. Веројатноста за раст на еврото е помала од веројатноста за пад. Позитивни за еврото се добрите економски показатели од Германија и економскиот оптимизам а негативни за еврото се сеуште несредените состојби во економиите на некои земји членки на еврозоната и релаксираната монетарна политика на ЕЦБ.
Јапонија – Овде е се јасно кажано. Агресивно олеснување (до стапка на инфлација од 2%) и подигање на економијата по секоја цена. Ситуацијата со незапосленоста е добра.  БНП се подобрува. Долги година рак рана на јапонската економија беше исклучително ниската инфлација и јакиот јапонски јен како последица. Заради ова голем дел од индустријата и производството во изминатите години се збогуваа со татковината. Прмиерот Абе е решен да го промени ова. Нема причина да не му веруваме. Ваквата политика е негативна за јапонскиот јен а позитивна за економијата односно берзата.
Австралија – иако општата состојба е добра постои страв заради високата вредност на австралискиот долар индустријата која не е поврзана со експлоатација на ресурси да почне да се гаси. Многу фабрики почнаа да се затвараат. Поготово од автомобилската индустрија. Можно е да дојде и до зголемување на незапосленоста. Гувернерот во неколку изјави се обиде и да влијае на намалување на вредноста на валутата. Веројатноста за понатамошно шпекулативно слабеење на австралискиот долар е доста голема, но за да бидеме сигурни потребно е официјално да видиме полоши показатели.
Ваквата состојба на крајот на годината влијаеше и за значителен пад на вредноста на златото кое се спушти под психолошката граница од 1200 американски долари за унца со тенденција да продолжи да слабее. Најниската вредност оваа година беше 1180 што може да биде граница на поддршка при понатамошен пад како и границата од 1155 која е доста важно фибо ниво (61,8%) од опсегот на растот од 682 до 1921 долари во изминатиот период. Горната граница на отпор е 1241 американски долари за унца.
Кај валутниот пар AUD/USD кој неделата ја отвори на нивото од 0.992 нивоа на отпор се 0.900 и 0.910 а на поддршка 0.880, 0.875 и 0.860
За најпопуларниот и најтргуван пар EUR/USD кој неделата ја започнува од нивото 1.367 поважни нивоа на отпор се 1.375 и 1.389 а нивоа на поддршка се 1.363, 1.355 и 1.350
Имајте предвид дека во текот на оваа недела само понеделник и вторник се работни денови на најзначајните пазари и можни се нелогични движења заради затворање на отворените позиции и заради намалената ликвидност. Сигурно е едно. Време е за одмор !
Охрабрувачки е дека новата година ќе ја започнеме со веќе поделени карти и појасна состојба и претстава за економијата, што може да ни даде можност со добра стратегија да оствариме одлични финансиски резултати за разлика од изминатата тешка 2013 преполна со неизвесност и непредвидливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП