11 јули, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМицкоски: Приведени се неколку лица за подметнување на пожарите

Мицкоски: Приведени се неколку лица за подметнување на пожарите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на сомнежите дека пожарите се подметнати и обвинувањата од страна на опозицијата за неажурност во справувањето со истите изјави:

„Не само што се сомневаме, туку имаме и докази. Имаме и приведени лица коишто тоа го правеа, посебно на територијата на Скопје, на Градот Скопје. Затоа што пожарот, да речеме, последниот којшто вчера се случи во близина на Смилковското езеро, беше навечер, после девет часот и тоа што го најдовме таму, но и три лица коишто потоа беа обезбедени, укажуваат на тоа дека постои основано сомневање за координирана и добро осмислена акција, посебно во Скопје. Но, она што мене ме прави задоволен е што за помалку од 24 часа и покрај исклучително тешките услови, температура помеѓу 35 и 40 степани, проследено со силен ветер, помеѓу 80, а на моменти и над 100 километри на час, тоа значи брзо распламтување на истиот, успеавме сето тоа да го ставиме под контрола. Добив информација денес пред 10 часот беше дека само е во моментот активен пожарот во Дојран, на планината горе, значи нема опасност за населените места. Друго сѐ е ставено под контрола. Ќе видиме како ќе биде во текот на денот и во текот на летото. Она што можам да го кажам е дека специјалните возила коишто беа преадаптирани, во текот на вчерашниот ден, дејствувавме со 9 Пинцгауери, еден Хермелин и 2 БТР-а и тие истурија околу 300 тона вода. Тоа е како полициските и армиските хеликоптери да направат 75 прелети тој ден, што е невозможно. Очекувам по техничкиот прием, деновиве да бидат вклучени сите, така што сметам дека драматично ќе биде подобрена расположливата механизација, би рекол, и специјални возила, да се справиме со овие непогоди во периодот којшто следи. А најмалку којшто има кредибилитет да зборува во оваа работа е опозицијата и јас би рекол, оние политички лешинари коишто орбитираат во периметарот на опозицијата.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар