23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок - Ван Перси заминува од Јунајтед!?

Шок – Ван Перси заминува од Јунајтед!?

Robin-Van-Persie-Initeed

На Островот одекна веста дека Робин ван Перси побарал да биде ставен на трансфер листата, а како причина за таквата желба на Холанѓанецот се истакнува методот за работа на Мојс и фактот дека напаѓачот имал договор со Фергусон, кој Шкотот го погазил.

Манчестер Јунајтед во овој момент нема сезона какви што беа успешни од ерата на Алекс Фергусон, но нема сомневање дека „црвените ѓаволи“ се уште никој не ги отпишува од борбата за титулата.

Се чини дека, сепак, Дејвид Мојс не успева да воспостави систем кој во претходните години го красеше клубот од „Олд Трафорд“, за што сведочи и последнава вест.

Блиски извори до Јунајтед им пренесоа на британските медиуми дека Ван Перси поднел барање за биде ставен на трансфер листата поради повеќе причини!

Други извори истакнуваат дека Холанѓанецот е незадоволен од пристапот на Мојс, кој го потврди и Рио Фердинанд.

„Новиот менаџер не практикува да ни соопшти кој ќе се најде на теренот вечерта пред натпреварот. Тоа влијае на психата на играчите, затоа што повеќе се фокусираат на тоа дали ќе се најдат на теренот или не, а не да се концентрираат на самиот натпревар“, вели Фердинанд.

Се шпекулира дека Робин ван Перси е незадоволен од фактот дека Ферги го измамил во врска со прашањето за неговото повлекување од клупата на Манчестер.

Очигледно, во текот на преговорите кој Манчестер ги водеше со Холанѓанецот, додека тој беше во Арсенал, Фергусон му ветил дека нема да го напушти Јунајтед во наредните неколку сезони, но тој после првата во која соработуваше со Ван Перси, замина во пензија.

Тоа директно влијаеше на резултатите на Јунајтед во сегашната сезона и многумина сметаат дека „ѓаволите“ нема да успеат да обезбедат учество во Лигата на шампионите за следната година, што за играч од рангот на Ван Перси би бил голем удар, иако е рано да се даваат вакви оценки.

Можна дестинација на Робин Ван Перси е екипата на Јувентус која го посакуваше во текот на летото 2012-та година, кога тој одлучи да се пресели на „Олд Трафорд“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП