1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеделна Анализа

Неделна Анализа

graf

Фундаментална анализа за 02-06 Декември 2013

Конечно зад нас на финансиските пазари оставивме една исклучително досадна недела, недела без позначајни вести и настани на сцената што се одрази и со намалена волатилност и без некакви реални придвижувања на цените на ниеден пазар а и тоа не е случајно. Ноември месец заврши, а тоа е месец кога вообичаено не се прават финансиски пресеци па затоа иако беше последна недела во месецот немаше скоро никаква акција, а и во САД заради празниците за денот на благодарноста не се работеше. Помина и популарниот “црн петок“ за ловците на попусти во продавниците.

Очекувано во ваквата мирна недела кога сите се дефокусирани од работа и на позначајнитевалутни парови на пазарот на пари ценовните нивоа останаа во постоечкиот опсег на тргување. Но, ова е само привремен краткотраен застој кој секако брзо ке биде заборавен бидејќи неделата која е пред нас ќе биде супер интересна заради објавите на најзначајните економски показатели и тоа во последниот месец на годината. На пазарот на валути сега после малиот одмор и фазата на принудна акумулација на моментум може да дојде до евентуално придвижување и создавање на појак пробој.

Да ги прегледаме и цените:

Кај парот AUD/USD неделава имавме “меко“ приземјување на ниво од 0.906 со горна граница 0.919. Во тој ценовен опсег парот ја измина целата недела. Трендот е сеуште надолен бидејки немаше никакво одбивање од нивото на поддршка. Поважни нивоа на кој треба да внимаваме се 0.906 и посебно 0.890 при пад, а 0.929 при евентуален раст. Секако оваа недела под влијание на вестите во врска со австралискиот долар во исчекување ќе сме на тоа дали ќе продолжи трендот на слабеење или ќе настане пресврт.

Кај форекс парот EUR/USD имаме исклучително тешка и неизвесна ситуација. Од една страна позитивниот пазарен сентимент успеа да го зајакне еврото но и  подобрувањето на показателите од САД кој му даваат по малку сила на доларот прави да овој пар веќе подолго време е во рамен пазар со опсег на тргување околу 1.355. Минатата недела воглавно се тргуваше помеѓу 1.35 и 1.36. Со оглед дека веќе предолго цената е во овој ранг можен е почеток на нов тренд кај овој пар но би требало тоа да се случи од Четврток кога е пресот на ЕЦБ кој е од најголемо значење за еврото. Покрај 1.35, второ ниво на поддршка е 1.344 а нивоа на отпор се 1.362 и 1.37. При пробив на крајните граници на отпор и поддршка предлагаме да се тргува во насока на пробивот, а доколку цената се врати на границата на пробив да се излезе од позиција.

Релативно извесно е кај парот USD/JPY. Јапонскиот јен ја губи својата сила и веројатно таквиот тренд ке продолжи. Границите на поддршка се 101.70 и 100.80 а на отпор 102.60 и 103.60. Најдобро е доколку се успее со лимит налог да се влезе во позиција за купување од нивоата на поддршка. Многу е веројатно овде да имаме подолгорочен тренд па потребна е поголема стрпливост за добар влез а уште поголема за излез.

Златото беше прилично неутраално оваа недела и се тргуваше во фаза на класичен рамен пазар со граници на 1235 и 1255 долари по унца. Иако под наплив на ефтини пари кој се резултат на олеснувачките политики на централните банки златото би требало да ја зголемува својата цена сепак тоа не се случува. Напротив, отсуството на инфлација и почетните подобрувања на економските показатоли кои сугерираат бавен излез од долгата криза создаваат апетит за купување ризик и се големи непријатели на златото. Доколку имаме позитивни показатели на економски план оваа недела златото би требало да падне под 1235 а да се внимава на границита 1210-1180 која е важно психолошко ниво а подолу на 1110 долари за унца. Во случај на раст нивоата 1255 и 1275 би требало да дадат добар отпор.

Поважни настани кои сигурно ќе влијаат на ценовните нивоа на валутните парови се следниве:

Понеделник во 01:30 број на издадени градежни дозволи во Австралија. Во 03:30 говор на гувернерот на централната банка на Јапонија. Во 09:15 индексот на нови индустриски нарачки во Шпанија, во 09:45 за Италија и во 10:30 за Англија. Во 14:30 е говорот на претседателот на ФЕД на САД Бен Бернаке а во 16:00 индексот на нарачки во индустријата на САД.

Во Вторник во 01:30 е индексот на потрошувачка а во 04:30 централната банка на Австралија ке ја објави каматната стапка (не се очекува промена) а гуворнерот ќе има свој извештај за насоките на монетарната политика. Во 10:30 Англија го објавува индексот на производство за градежниот сектор.

Среда во 01:30 Австралија го објавува БНП. Во 11:00 Европа го презентира индексот на потрошувачката. Во 14:15 во САД ќе биде објавено предвидувањето за бројот на вработени врз основа на  пресметки работени по математички модел. Во 14:30 следи објава на трговскиот биланс на САД и на Канада. Во 16:00 часот ќе го добиеме индексот на нарачки во секторот на услуги во САД а во Канада се објавува каматната стапка ( не се очекува промена) и следи извештајот на гувернерот.

Во Четврток во 13:00 часот е објава на каматната стапка на Англија ( не се очекува промена) и следи извештајот на гувернерот. Во 13:45 ќе биде објавена каматната стапка на ЕЦБ ( не се очекува промена) и во 14:30 е пресот на гувернерот на ЕЦБ кој би требало да е интересен за пазарите заради неодамнешните шпекулации за евентуалното намалување на депозитната каматна стапка. Истовремено од САД ги добиваме бројот на поднесени апликации за незапосленост  и супер важниот податок за БНП кој според предвидувањата би требало да е подобар( предвидена е стапка 3.1%)  од претходно.

Во Петок во 14:30 од Канада имаме стапка на невработеност и истовремено исклучително важна за пазарите стапка на невработеност во САД и вкупен број на нови вработувања (предвидувањата се дека бројот ќе е благо послаб од претходната објава). Во 16:00 следи индексот на доверба на потроѓувачите (очекувањата се позитивни).

За време на викендот Кина го објавува својот трговски биланс.

Како што можете и самите да согледате навистина ни претстои една недела во која има исклучително важни настани и објави па следствено на тоа очекуваме и соодветна реакција на пазарот. Предвидувањата се дека пазарите барем до Среда ќе останат релативно мирни заради неизвесноста од објавите кои следат потоа во Четврток и Петок а се сигурно од огромно значење и уште посигурно дека ќе предизвикаат значителни ценовни движења.

 

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП