Доколку секојдневно јадете ф`стаци, благодарение на нивните хранливи состојки, ќе забележите бројни позитивни ефекти врз вашето здравје.
„Ф`стаците се извор на протеини со сите девет есенцијални амино киселини. Тие содржат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, полни се со влакна и антиоксиданси“, вели нутриционистот Тејлор Берген, пренесува „Eating Well“.
Меѓу другото, тие имаат калциум и магнезиум кои ќе ви помогнат да го одржите нормалното ниво на крвниот притисок. Тие се и природен извор на калиум, минерал кој помага да се спротивстават на ефектите на натриумот во телото. Покрај споменатите минерали, ф`стаците содржат и фитостероли и антиоксиданси, кои даваат дополнителни позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем.
Благодарение на каротеноидите лутеин и зеаксантин ќе го подобрите здравјето на вашите очи. Лутеинот и зеаксантинот помагаат да се филтрира потенцијално штетната светлина, намалувајќи го ризикот од болести на очите што доведуваат до губење на видот, како што се макуларна дегенерација и катаракта.
Некои луѓе сè уште мислат дека јадењето јаткасти плодови ќе резултира со зголемување на телесната тежина. Сепак, податоците покажуваат дека консумацијата на ф`стаци не е поврзана со зголемување на телесната тежина или зголемен ризик од дебелеење. Истражувањата покажаа, меѓу другото, дека консумирањето ф`стаци како закуска е поврзано со намалување на обемот на половината кај младите жени
Јадењето ф`стаци, исто така, помага да се контролира шеќерот во крвта, што ги прави одличен избор ако имате дијабетес. Тие се исто така добри за здравјето на цревата.