5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири здрави грицки кои можат да го намалат ризикот од срцев удар

Четири здрави грицки кои можат да го намалат ризикот од срцев удар

Многу луѓе сакаат да грицкаат за време на работа, но и додека се одмораат и релаксираат додека гледаат филмови и серии.

Грицкањето обично се поврзува со нездрава храна како чипс, пуканки, бисквити и слична храна. Сите овие намирници содржат заситени масти, додаден шеќер и натриум, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, па затоа во исхраната треба да се внесе што повеќе здрава храна, која ќе ја задоволи желбата за грицкање и во исто време позитивно ќе делува на здравјето.

Нутриционистот Сидхант Бхаргава издвои примери на неколку намирници кои можеме да ги грицкаме, знаејќи дека имаме корист за целокупното здравје на телото. Бхаргава ги издвои најдобрите намирници за грицкање, а секој сигурно ќе најде барем една опција за себе.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови, како што се бадемите, оревите, ф’стаците и другите јаткасти плодови, содржат здрави масти. Освен масти, јаткастите плодови содржат влакна и антиоксиданси кои помагаат да се намали нивото на лошиот ЛДЛ холестерол и на тој начин да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања.

Семиња

Семките сѐ уште една храна која многу луѓе ја сакаат, но не ја јадат толку често. Исхраната треба да вклучува храна како што се семето чиа, ленено семе и семки од тиква, кои содржат омега-3 масни киселини и растителни влакна и кои позитивно влијаат на правилното функционирање на срцето, пренесува „The Health Shots“.

Бобинки

Бобинки не само што позитивно влијаат на срцето, туку и на целокупното здравје. Храната како што се боровинки, јагоди, малини, капини и други видови бобинки се богати со антиоксиданси и влакна. Овие соединенија помагаат во спречување на воспаление, а со тоа и развој на разни болести.

Темно чоколадо

Можеби некои ќе ги изненади тоа што темното чоколадо е на списокот на нутриционистот. Тој препорачува да се избере темно чоколадо со најмалку 70 проценти какао.

„Темното чоколадо содржи флавоноиди кои можат да го подобрат здравјето на вашето срце, но внимавајте на нивото на калории и шеќер во чоколадото“, рече Бхаргава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП