30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува со телото ако секој ден пиеме млеко?

Што се случува со телото ако секој ден пиеме млеко?

Млекото има многу здравствени придобивки, но и покрај тоа, во последните години се здоби со негативна репутација.

Поради сето ова, многумина се префрлија на алтернативи од растително потекло, но диететичарите сепак тврдат дека секако е здраво за повеќето луѓе да пијат една чаша кравјо млеко.

Млекото е богато со хранливи материи и здраво е да се консумира секој ден. Полно е со калциум, калиум, магнезиум, протеини, а доколку не сте алергични на млеко или лактоза, тогаш нема причина да не го консумирате.

Покрај тоа што е добар за коските, помага и во управувањето со тежината и го подобрува здравјето на срцето благодарение на високите нивоа на калиум.

Млекото исто така го намалува ризикот од деменција, добро е за имунитетот и го подигнува расположението благодарение на аминокиселината триптофан, која ни помага да се смириме и исто така е поврзана со квалитетот на сонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП