25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзата за струја може да ги поевтини сметките на компаниите

Берзата за струја може да ги поевтини сметките на компаниите

Пред втората половина од годинава Македонија добива сопствена берза за електрична енергија. Компаниите кои се снабдуваат од слободниот пазар ќе добијат поевтина струја бидејќи со воведувањето на берзата ќе се намалат трошоците за дебаланси. Надлежните велат дека сега се чекаат подзаконските акти кои треба да ги изработи операторот на пазарот МЕМО и потоа да ги достави на одобрување во Регулаторната комисија за енергетика.

Платформата е веќе избрана преку тендерска постапка, а според информациите Македонската берза за електрична енергија ќе ја користи платформата на Европската берза. Од Регуласторната комисија за енергетика за Денар велат дека, воведувањето на берза за струја ќе значи дека како држава ќе имаме цена за на големо и нема да се врзуваме со цената на берзата Хупекс. Освен домашни трговци на берзата ќе учествуваат и регионални – странски играчи кои веќе имаат извадено лиценци за продажба на електрична енергија во Македонија.

Регулаторот додава дека во речиси сите земји од регионот се отворени или се во фаза на отворање на берзи на кои ќе се тргува со електрична енергија.

„Ова се берзи на кои вообичаено се тргува еден ден однапред, но на нашата берза ќе може да се тргува и во текот на денот. Очекувањата се дека кон крајот на првата половина од оваа година и официјално да почне да работи оваа берза. На оваа берза ќе се даде можност сите учесници на пазарот со електрична енергија да может да си го подобруваат својот дијаграм на продажба со што ќе ги намалат своите трошоци за дебаланси. За да функционира една берза потребно е тргувањето кое ќе се прави за набавка на загуби на електрична енергија, или набавките на ЕСМ за ЕВН Хоум преку, и треба да се види дали и тие треба да одат преку берзата, со една единствана цел, берзата да биде ликвидна“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Сега на ред е операторот на пазарот на струја МЕМО, треба да ги изготви правилата, а тие да се однесуваат на функционирањето на берзата, и потоа треба да ги достави до Регулаторната комисија за енергетика. Според информациите засега МЕМО има склучено договор со словенечката берза за струја од каде треба да добие платформа за тргување.

„Берзата на електрична енергија е пракса во цела Европа, како и во целиот свет. Ние заедно со целиот регион сме некаде на крајот од Европа со имплементирање на овие делови од европското законодавство. Берзата на електрична енергија се прави затоа што таа гарантира за трансакциите на електрична енергија на големо кои се случуваат при трговијата на електрична енергија, односно е сигурност за тргување и за продавање на електрична енергија од производителите, а и сигурност за оние кои купуваат дека таа трансакција ќе се оствари“, велат од Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО.

Големите флуктуации на цените со електрична енергија на светските берзи ја прави ситуацијата комплексна и затоа сега не може да се прогнозира какви ќе бидат цените на струја на оваа берза. Правилата во економијата велат дека на крајот цената на електричната енергија ќе зависи од пазарот на тргување, односно од понудата и побарувачката. Но она што е сигурно цените ќе бидат пониски бидејќи ќе се елиминира трошокот за преку граничен пренос. Според планот оваа берза понатаму треба да се спои и со берзите во Грција, Албанија и Косово.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП