30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог буџетот е популистички или во интерес на граѓаните?!

Предлог буџетот е популистички или во интерес на граѓаните?!

Во собранието денеска е шестиот ден резервиран за дебатата посветена на предлог буџетот за 2023 година. Веќе неколку дена на дневен ред се амандманите од страна на пратениците. Опозицијата поднесе 263 амандмани, а 199 предлог проекти се на ВМРО-ДПМНЕ. И годинава како и речиси секоја претходно не изостанаа меѓусебните обвинувања на пратениците на власта и опозицијата. Развоен или популистички, во корист на граѓаните или за политички интереси, ова се главните препукивања кои може да се слушната од собраниската говорница. Инаку, власта го предлага највисокиот буџет досега кој според планот треба да изнесува над пет милијарди евра.

Во моментов во собранието се расправа за еден од најстратешките документи на државата, буџетот преку кој треба да се рефлектираат сите идни политики и мерки кои ќе се случуваат идната година.

Ставот на пратеничката група на СДСМ е дека предност на овој буџет е да се даде на антикризните мерки кои треба да се рефлектираат преку пакети вредни 250 милиони евра во текот на следната година. Но, велат дека со помош на буџетските средства државата ќе се справи и со предизвиците од енергетската криза. Најголемиот дел од мерките кои ги носи буџетот за 2023 година се за економско заздравување, додаваат од владеачката партија.

„Тоа што е карактеристично за Буџетот за 2023 година е фискалната консолидација, односно кратење на непродуктивните трошоци и нивна рационализација, и насочување на тие средства за капитални проекти. Капитални проекти во Буџетот за догодина, имаме димензионирано на ниво од 800 милиони евра. Тоа е една голема сума која дефинитивно ќе доведе до поголем економски раст и развој на нашата држава. Буџетот и неговата големина за 2023 година е димензиониран и врз основа на поголемите даночни приходи. Зголемените приходи ни даваат за право за догодина да планираме поголеми даночни приходи, но нормално и зголемени расходи“, велат од СДСМ.

За ДУИ кои се партнери во владеачката колалиција со СДСМ велат дека за да се разбере буџетот за 2023 година најпрво треба да се почне да се гледаат работите од 2021 година. Пред две години велат дека донесен буџет во кризна состојба предизвикана од пандемијата, и темелите на тој буџет се носел врз основа на социјално и здравствено осигурување. Развојот на економијата велат дека бил планот и за 2022 година. Кога се носеше годинешниот буџет, се размислуваше само за економска стабилност, просперитет, брз економски раст. Овој буџет сега се потпира врз други принципи. Главните столбиви сега додаваат дека се борбата со енергетската криза, фискална консолидација.

„Кога се во прашање амандманите на еден предлог буџет, тоа се подразбира дека треба да е една сериозна дебата, но повеќето од нив се препишани од претходните години. Дел од амандманите се несериозни, а се однесуваат на популистички мерки и политики од страна на опозицијата колку да покажат пред граѓаните дека нешто се загрижени за нив“, велат од ДУИ.

Очекувано, од опозициската ВМРО ДПМНЕ се на став дека предлог буџетот не е реален и додаваат дека доколку тие би биле во моментов на власт ќе им било срам да поднесат еден ваков документ. Образложението за ова според опозиционерите е дека ова е највисокиот буџет, кој е инфлаторен и буџет кој е концепиран за склучување на договори во четири очи.

„Во овој буџет нема ставка, кога автопат ќе почне да се гради, која болница ќе се изгради, дали ќе се гради нов кличинки центар, дали ќе се гради нов студенски дом, колку нови училишта ќе бидат изградени, колку нови спортски сали. Такво нешто во овој буџет нема да најдеме“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Власта планира догодина да собере 4,6 милијарди евра, но да потроши 5,3 милијарди евра. Недостаокот на пари треба да се обезбедат од задолжувања, како од надвор така и од домашните банки. Растот е проектиран на ниво од 2,9 отсто, а според власта инфлацијата ќе падне на 7 отсто.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП