23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНасловот на книгата на принцот Хари ги привлече дури и оние кои...

Насловот на книгата на принцот Хари ги привлече дури и оние кои беа убедени дека нема да прочитаат ниту еден ред

Издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ соопшти дека мемоарите на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари 2023 година.

Принцот Хари  книгата ја наслови  Spare („Резерва“). Од насловот е јасно дека spare се однесува на изразот the heir and the spare, односно „наследникот и резервниот“, што алудира на позицијата на принцот Хари во кралското семејство од моментот на неговото раѓање.

Веста предизвика бурни реакции на Твитер, особено поради насловот на книгата.

‘Спејр’ е погрден назив за помладиот син на британскиот крал, а тој термин го користеа многу хејтери на Хари, особено откако се повлече од кралските должности во јануари 2020 година.

Сепак, дел од будните на социјалните мрежи сметаат дека насловот на книгата е фантастичен.

„Дали Хари ја наслови својата книга резерва? Ова ќе биде доброоо“, напишаа.

„Самиот наслов ми предизвикува ежење. Тој збор го тишти цел живот. Едвај чекам да ја прочитам приказната на Хари”, коментираат други.

Некои, пак, сметаат дека насловот е одраз на неговото самосожалување. „Ова е врв на самосожалување“, пишува Џисас Енрике Росас, експерт за говор на телото.

Други воопшто не се согласуваат со претходното, и искоментираа: „Ова е култно. Совршен наслов на книгата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП