26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа две години пазарот на труд е намален за над 115 илјади работници!

За две години пазарот на труд е намален за над 115 илјади работници!

Бројот на вработени во Македонија во последниве неколку години драстично се намалил. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година бројот на вработени изнесувал 811 106 лица. Следната година забележано е намалување на бројот на вработени лица за над 16 илјади, но годинава е загрижувачко бидејќи согласно второто тромесечие бројот на вработени се намалил за 116 илјади лица во однос на 2020 година. 

Стравувањата на бизнисот сега стануваат се поалармантни бидејќи ако продолжи ваквиот тренд  во буквална смисла на зборот, ќе нема кој да работи во земјава. 

         2020 година                                                  

вкупно вработени  811 106      

приватен сектор     620 121 

јавен сектор           190 985

       2021 година 

вкупно вработени  795 087

приватен сектор     594 243

јавен сектор             200 844

        2022 година 

вкупно вработени   694 376

приватен сектор       514 458

јавен сектор             179 918

Според анализираниот период во 2020 година во приватниот сектор во земјава работеле нешто над 620 илјади лица, годинава заклучно со јуни, бројот на работници кои се дел од реалниот сектор изнесува 514 илјади. Тоа претставува намалување на 105 илјади лица кои што биле дел од компаниите во македонското стопанство. Што се однесува до јавниот сектор нема големи промени на бројот на лица кои работат под државна капа. 

Народната банка е свесна за ваквиот негативен тренд на намалување на работоспособното население. Ова според нив е глобален проблем за кој во моментов нема соодветно решение. Луѓето се многу мобилни, бараат подобар живот, а за лицата кои одат во пензија тешко се наоѓа замена, особено во индустијата.

„Регионот се соочува со пад на стапката на работоспособно население што е одраз на неповолните демографски трендови, но и на иселувањето. Со оглед на проценките дека во некои земји околу 1/3 од емиграцијата се лица со висока квалификација, овие трендови негативно влијаат не само на обемот, туку и на квалитетот на работната сила. Структурните реформи се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и побрзо доближување до доходот на развиените економии во ЕУ”, сметаат од Централната банка.

И во најновиот полугодишен извештај на Светска банка за Македонија, има посебен дел на работоспособното население. Од Светска банка наведуваат дека закрепнувањето на пазарот на труд е бавно и кревко, и покрај владината поддшка. Од оваа меѓународна финансиска институција посочуваат дека стапката на невработеност е намалена на 14,5 отсто но се уште е висок процентот на невработени млади луѓе кој надминува сериозни 30 отсто. 

„По објавувањето на податоците од пописот во 2021 година, кои открија пад на населението за приближно 9 проценти и помала работна сила, стапката на активност се намали на 55,3 проценти во К-2 од 2022 година. Растечката економска несигурност го намали уделот на договорите на определено време на 60 проценти од сите нови договори за вработување”, стои во извештајот на Светска Банка.

Работодавачите сега дополнително се загрижени за своите компании, бидејќи велат дека висината на платата не е таа која одлучува дали македонскиот работник ќе остане да работи во земјава или ќе замине и ќе бара подобар живот во странство. Информациите со оваа проблематика велат дека, на најголемиот дел од невработените во државава им е потребна доедукација, и учење на нови вештини со цел прилагодување со новите технологии и машини по кои функционираат компаниите. Пред две недели Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи изјави дека над 60 отсто од невработените во Македонија се функционално неписмени и доколку не поминаат соодветна обука не можат да се вклучат на пазарот на труд. Загрижува и податокот што илјадници граѓани од земјава кои бараат работа немаат завршено ниту основно образование. Што се однесува до податоците на Агенцијата за вработување, во моментов на пазарот на труд има 7858 слободни работни места.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП