26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодемот на „Big Oil“ (ИНФОГРАФИК)

Подемот на „Big Oil“ (ИНФОГРАФИК)

Додека растечките цени на горивата се на пат да турнат секој трет човек во енергетска сиромаштија во Велика Британија оваа есен, големите нафтени компании пријавуваат рекорден профит.

„ВР“ оваа недела објави дека нејзиниот профит од април-јуни се зголемил тројно во однос на истиот период минатата година на 9,3 милијарди долари, што е највисок квартален профит на компанијата во последните 14 години. И таа не е сама.

Британскиот енергетски гигант „Shell“ во својот последен извештај откри дека неговата приспособена добивка за вториот квартал достигнала 11,5 милијарди долари, повеќе од двојно повеќе од вториот квартал од 2021-ва година. Фрацуската „TotalEnergies“ и шпанската „Repsol“ забележаа раст на нето профитите од 2,2 и 2 милијарди долари, соодветно.

Како што покажува графиконот на „Statista“, американските енергетски компании „Exxon“ и „Chevron“ забележаа најголем скок во профитот. Споредено со вториот квартал од минатата година, профитот на „Exxon“ порасна од 4,7 милијарди долари на 17,9 милијарди долари, а на „Chevron“ од 3,1 милијарди долари на 11,6 милијарди долари.

Од 2021-ва година, цените на бензинот во САД се зголемија во просек за повеќе од 1 долар по галон (3,7 литри). Слична е ситуацијата и во Европа, каде што цените на енергијата се закануваат да ги турнат најголемите економии во блокот во рецесија.

Ова ги чини потрошувачите повеќе, не само на бензинските пумпи, туку и во однос на греењето и снабдувањето. Медиумите во Обединетото Кралство известуваат дека сè повеќе луѓе таму сега треба да избираат помеѓу топлина и храна. Една од можните контрамерки, имплементирана во земји како Грција, Шпанија и Италија, а моментално се разгледува во многу други, е воведување вонреден данок за големите нафтени компании за да се олесни товарот на домаќинствата со ниски приходи и просечните примања.

Додека овие компании беа критикувани дека ја искористија кризата со гориво по руската инвазија на Украина и ја поттикнаа кризата за трошоците на животот, вреди да се напомене дека во февруари „ВР“ го напушти својот удел во рускиот нафтен гигант „Роснефт“ во вредност од околу 25 милијарди долари, што, како што пишува „Reuters“, што е „најзначајниот потег на западна компанија како одговор на руската агресија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП