24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГејмингот не е лош за менталното здравје, се до моментот кога не...

Гејмингот не е лош за менталното здравје, се до моментот кога не можете да престанете со играта

Кога ќе излезе новото продолжение на една од најпопуларните гејмерски франшизи, целата гејмерска заедница – „се тресе“. Сепак, саати и саати поминати во играње популарни видео игри всушност се чини дека не им штети на менталното здравје на гејмерите. До такви резултати дојде најновото истражување спроведено од Оксфордскиот Интернет институт во текот на шестнеделното истражување на 40.000 гејмери и нивните навики. Сепак, тоа не значи дека некои загрижувачки заклучоци не се забележани бидејќи се потребни многу повеќе информации пред технолошките регулаторни тела да бидат целосно задоволни и спокојни.

Во нивните заклучоци, некои од истражувачите открија дека навистина не е важно колку играчите играат, бидејќи не е важно квантитетот на играта, туку квалитетот… всушност, ако морале и биле принудени да играат по секоја цена, се чувствуваа полошо отколку кога играле затоа што сакаат да го прават тоа. Всушност, во тие ситуации играњето позитивно влијаело на нивната психичка состојба. Патем, истражувањето беше спроведено на играње различни жанрови од тркачки симулатори како Gran Turismo Sport до Battle Royal, наслови како ултра популарните Apex Legends. Во сите ситуации, заклучокот е јасен – нема разлика во влијанието врз менталната состојба на играчот во однос на тоа каков тип или жанр на игра играте.

За да одговори на прашањата за кои најмногу се заинтересирани родителите, професорот Прзибилски, еден од главните експерти што го водел ова истражување, вели дека големи репрезентативни примероци мора да се соберат на ниво на голема платформа за игри како што е Steam. Анализирањето на податоците од само седум игри вклучени во оваа студија е како да гледате седум намирници во супермаркет кој вообичаено продава илјадници производи од овој тип.

Ова истражување е од суштинско значење за вистинското разбирање на влијанието на игрите врз поединецот. Иако сугерира дека играњето може да има негативни импликации, но само на оние кои се принудени да играат, не на сите корисници – има уште многу што да се научи.

Ова се само првите чекори во светот на разбирање како игрите се вклопуваат во животите на гејмерите. Клучното прашање е зошто играте? Ако е за чисто задоволство, влијанието е всушност позитивно врз начинот на размислување на личноста.

Не беше лесно да се добијат потребните податоци. Самата анализа беше полесниот дел затоа што гејмерските платформи на Microsoft, Sony и Nintendo имаат сложена врска со илјадници програмери и тешко е да се убедат сите да се согласат на независна и ригорозна анализа на податоците што ги складираат за играчите. На крајот на краиштата, сите тие податоци им припаѓаат на гејмерите, а не на програмерите. Гејмерите имаат законско право да ги донираат своите податоци и би бил неверојатен успех доколку собираме податоци од најголемите и најпопуларните платформи за игри денес.

Гејмерите сакаат да знаат какво вистинско влијание има играта. Научниците исто така сакаат да го знаат истото. Родителите сакаат да знаат. Владата сака да знае. Секој од нас. Информациите се таму, на вашите прсти, и затоа сите овие податоци треба да бидат достапни и слободно да се споделуваат, бидејќи ако најголемите платформи за игри навистина се грижат за благосостојбата на нивните играчи, тие треба да ги поддржат научниците и гејмерите да знаат како нивните производи влијаат врз гејмерите – добро или лошо!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП