28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија е потресена од енергетската криза

Јапонија е потресена од енергетската криза

Падот на вредноста на јенот, конфликтот во Украина и топлотниот бран што го зафати Токио ја туркаат третата по големина светска економија кон енергетска криза.

Јапонија увезува околу 90 отсто од својата енергија, која најмногу ја купува во долари. Цените на енергијата растат поради скокот на вредноста на нафтата, гасот и јагленот на глобално ниво, па островската земја се најде во незавидна позиција и пред јенот да падне на најниските нивоа во последните две децении.

Цената на референтната нафта Брент порасна за 40 отсто во долари, поттикната од руско-украинскиот конфликт и закрепнувањето на побарувачката. Но, кога цената на барелот ќе се претвори во јен, се бележи раст од 70 проценти. Според последните податоци за тргување, просечната увозна цена на тон течен природен гас во мај била речиси 120 отсто повисока во однос на претходната година, пишува „The Business Times“.

Владата на премиерот Фумио Кишида се приклучи на Групата седум (Г-7) во санкциите за Русија, прекинувајќи го увозот на јагленот и нафтата од таа земја и намалувајќи го опсегот на испораки достапни за Јапонија. Администрацијата на Кишида беше потресена од одлуката на Русија да ги пренесе правата на клучниот проект за гас на островот Сахалин за да ги исклучи странските акционери, вклучително и Јапонија.

Покрај тоа, повеќето нуклеарни реактори сè уште не работат поради несреќата во Фукушима пред повеќе од 10 години. На крајот на 2019-та година, обновливите извори сочинуваа помалку од 10 отсто од залихите на примарна енергија во Јапонија, што ја остава земјата со мал избор во оваа ситуација, освен да ја плати високата цена на сметката за потрошувачката на фосилни горива.

Залихите се намалуваат и со неочекувано топло лето со температури близу 37 степени, што е крајност во споредба со триесетгодишниот просек од 22,5 степени.

Според евиденцијата, сезоната на дождови во областа околу Токио завршила најрано од 1951-ва година, а владата ги повикува граѓаните да штедат енергија.

Горивото не е единственото добро чиј увоз е нарушен поради падот на јенот, цените на храната и суровините исто така продолжуваат да растат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП