11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАAvatar: The Way of Water е официјален наслов на долгоочекуваното продолжение(ВИДЕО)

Avatar: The Way of Water е официјален наслов на долгоочекуваното продолжение(ВИДЕО)

Долго одложуваното продолжение на блокбастерот на Џејмс Камерон, „Аватар“, филм со најголема заработка на сите времиња, конечно доби официјален наслов.

Филмот, како што беше најавено на „Синема-кон 22“, ќе го носи насловот Avatar: The Way of Water („Аватар: Патот на водата“). Ова е првото од четирите планирани продолженија на филмот. Премиерата најверојатно ќе биде на 15 декември 2022 година.

На настанот, шефот на дистрибуцијата на „Дизни“, Тони Чемберс, ги увери фановите дека филмот вреди да се чека, додека режисерот Камерон сподели дека во моментов се работи на завршните финеси на филмот.

Камерон вети огромни технолошки скокови во однос на оригиналот, чии главни ликови Џејк Сали (Сем Вортингтон) и Нејтири (Зои Салдана) сега имаат семејство.

„Уште еднаш тргнавме да ги поместиме границите на она што киното може да го направи,“ рече Камерон.

Присутните на настанот беа почестени и со тизер-трејлер од Avatar: The Way of Water. Кусата најава содржи многу подводни снимки на кои се гледаат ликовите на Нави како пливаат под океаните на планетата и лебдат на небото.

Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, „Аватар: Патот на водата“ ја раскажува приказната за семејството Сали (Џејк, Нејтири и нивните деца), за неволјите што ги следат, за нивните напори да се чуваат едни со други безбедни, битките што ги водат за да останат живи и трагедиите што ги трпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП