30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнаа преговорите за линеарно зголемување на платите во јавниот...

Почнаа преговорите за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор, но протестот за први мај останува

Преговорите со Владата за барањата на најголемиот сидникат во земјава почнаа, но и покрај тоа протест за први мај ќе има. Од ССМ велат дека одлуката останува – годинава, денот на трудот наместо со марш ќе биде одбележан со масовен протест кој ќе започне пред зградата на синдикатот, а ќе заврши тому пред Владата. На ваков чекор се одлучиле поради тоа што сметаат дека сите плати мора да растат согласно покачувањето на минималецот. Затоа ги повикуваат сите работници да се приклучат во оваа борба и да излезат на улица.

-Ги повикуваме сите работници,( Конфедерации, Унии  и Сојузи ) и граѓани кои ги препознаваат вредностите и заложбите за зголемување на платите, да се приклучат во борбата заедно со семејството на ССМ, на 1ви Мај 2022 година да излезат на голем синдикален протест на кој ќе кажеме гласно дека зголемувањето на платите на работниците мора да се случи веднаш! Нема оправдување секој оној кој на 1 мај ќе реши да оди на пикник, викенд или ќе остане дома, место да излезе на протест, нема никој да го слушне и да го види дека му треба поголема плата, а на таков начин не си помага, ниту себе си, ниту на другите, вели за “Денар”, Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Во меѓувреме ќе продолжат и преговорите со Владата за изготвување на нов Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор.

Синдикатите бараат најмалку 2.806 денари, линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор.

-Повеќе од 700 илјади работници во Државата се директно засегнати од потребата од зголемување на нивните плати, па истите не можат да очекуваат дека некој друг, а не тие, ќе испаднат на протестот и ќе се борат. Борбата за достоинствени плати се пренесува на улица, а од сите зависи колку гласно и колку јасно ќе биде испратена пораката,  ека платата треба да се зголеми веднаш, додава Димовски.

Во барањата на синдикатите влегува и враќањето на  К- 15 и во јавниот сектор, во износ од најмалку 30 проценти до 100 отсто, како и утврдување на методологија за пресметка на плати.

Но, сето ова ќе може да се реализира само со потпишување на нов колективен договор кој не е променет повеќе од 10 години. 

Претходно, синдикатите и Владата постигнаа договор за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари. Уште тогаш  синдикалните работници алармираа – ако паралено не се зголемат и другите плати работници од повеќе позиции ќе бидат исто вреднувани, односно ќе имаат исти примања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП