1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата на истокот ќе предизвика нови ценовни шокови - вредноста на нафтата...

Кризата на истокот ќе предизвика нови ценовни шокови – вредноста на нафтата ќе урива рекорди

Поради случувањата на истокот, односно поради руско- украинската криза се очекува ценовните шокови да продолжат, а цената на нафтата ќе го достигне највисоко ниво во последната декада, сметаат дел од познавачите. Велат, веќе сме сведоци дека цената на гасот на берзите за еден ден се зголеми за 60 проценти.

-Цените на прехрамбените производи може да се зголемат во места како што е нашата држава, кои се потпираат на пченица и пченка. Украина продава многу пченка на глобално ниво и се очекува ако продолжи војната, да влијае на производството на житарки, па дури и да ја удвои цената. Повеќе од 40 проценти од извозот на пченица и пченка од Украина оди за Блискиот Исток и Африка, а остатокот во Европа и прекинот на снабдувањето може да влијае на достапноста во овие области. Ако имате покачување на цената на енергенсите и на базичните репроматеријали и недостаток на еден производ на глобално ниво – пченката и пченицата, тоа ќе влијае прво во синџирот на снабдување, а потоа и на понудата на тој производ. Имајќи во предвид дека побарувачката е константна, тоа автоматски би ја зголемила цената на чинење, вели за “Денар”, професорoт Абил Бауш.

Инфлацијата пак која мери колку бргу се зголемуваат трошоците за живот, во јануари достигна 6,7 проценти- највисоко ниво забележано од 2008 година кога беше 7,5 отсто поради светската финансиска криза.

-Ако се видат укажувањата на  експерската јавност – предвидената стапка на инфлација да достигне до 10 проценти, тоа може да ја поттикне НБРМ, да ги зголеми каматните стапки на кредитите. Идејата е дека кога задолжувањето е поскапо, луѓето ќе имаат помалку пари да трошат, а како резултата на тоа тие ќе купуваат помалку. Со тоа, цените ќе престанат да растат толку бргу. Но, оваа мерка не е многу популарна, затоа што може да ја заузда и така кревката економија која како држава ја имаме, по Ковид пандемијата, додава Бауш.

Тој појаснува дека секоја интервениција на краток рок, нема да даде резултати и дека останува да учиме од економските шокови кои може да ги имаме и во иднина. Предлага да се зголемат вложувањата во капитални инвестиции и во домашно производство, за да бидеме конкуретни на пазарите.

Граѓаните во земјава, уште при крајот на минатата година почнаа да се соочуваат со раст на цените и постепено поскапување на производите. Се зголеми и цената на парното и на струјата. Главната причина за ова беше започнувањето на глобалната енергетска криза. Државата за да го ублажи ударот врз домаќинствата, одлучи да ги замрзне цените на основните производи, а потоа ја ограничи маржата и во трговијата на мало и на големо.

Потрошувачката кошница можеше да се забележи дека во јанаури во однос на декември лани, порасна за 700 денари. За да се покријат основните потреби за живот, потребни се над 500 евра. Според податоците, најголем дел од средствата, околу 250 евра, одат за храна и пијалоци. Но, сега со разгорување на руско-украинската криза и неизвесноста до кога ќе трае и дали можеби Русија ќе воведе санкции и какви, состојбата дополнително се комплицира.

Инаку во категоријата на храна и пијалоци влегуваат 64 производи врз основа на кои се пресметува минималната кошница, која ја објавува Сојузот на синдикати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП