28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„McKinsey“: Зелените цели бараат инвестиции од над 9 трилиони долари годишно (ИНФОГРАФИК)

„McKinsey“: Зелените цели бараат инвестиции од над 9 трилиони долари годишно (ИНФОГРАФИК)

Целите за декарбонизација ќе бараат 9,2 трилиони долари годишно до 2050-та година во форма на инвестиции во инфраструктура, системи и многу повеќе, се вели во извештајот на тинк-тенк „McKinsey“, цитиран од „Bloomberg“.

Тоа е најмалку 3,5 трилиони долари повеќе отколку што светот троши денес за намалување на емисиите, откажувањето од фосилни горива и менувањето на начинот на кој го користиме земјоделското земјиште.

Експертите пресметуваат какви ресурси се потребни и кои навики треба да се сменат за да се постигне ограничувањето на порастот на глобалните температури, предвидени во Парискиот договор.

Во нивните прогнози тие се потпираат на напуштање на употребата на јаглен во светот до 2050-та година, како и намалување на производството на нафта (за 55%) и природниот гас (за 70%). Во извештајот се наведува и дека со зелената транзиција ќе бидат избришани 185 милиони работни места, но истовремено ќе се отворат уште 200 милиони.

Но, анализите покажуваат и дека потребните инвестиции во електроенергетскиот сектор ќе доведат до поскапување на струјата за 25% до 2040-та година и до 2050-та година ќе останат 20% повисоки од денешните нивоа.

Никој не знае каква штета би направиле климатските промени доколку не се преземат мерки за нејзино ограничување, се вели во извештајот на „McKinsey“. Сепак, научниците велат дека трошоците ќе бидат многу поголеми.

Земјите во развој се во многу поголема неповолна положба бидејќи треба да трошат повеќе од својот бруто домашен производ на зелена инфраструктура отколку развиениот свет. На пример, во Африка и Индија, околу 11% од БДП-то ќе бидат наменети за инвестиции, додека во САД учеството е 6,4%.

Влијанието на зелената трансформација нема да биде исто ниту во една земја. Постојат 44 окрузи во Соединетите држави каде што повеќе од 10% од работните места се поврзани со фосилни горива или автомобилската индустрија. За нив, ризикот од губење на работата е многу поголем, дури и со владините програми за промена на квалификациите.

Постигнувањето на јаглеродна неутралност до 2050-та година ќе бара невидено обединување на сите во светот – националните влади, политичките лидери, корпорациите и индивидуалните потрошувачи, како и значајна промена во синџирите на снабдување, распределбата на капиталот и јавната поддршка. Во координиран одговор, трошоците ќе бидат значително помали. Потребни се нови технологии, но не се сите во оваа транзиција, се вели во извештајот на „McKinsey“. 85% од намалувањето на емисиите што Европа треба да ги исполни може да се случи со технологии кои сè уште постојат денес, коментираат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП