26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто сè влегува во крајната цена на струјата која ја плаќаат граѓаните?

Што сè влегува во крајната цена на струјата која ја плаќаат граѓаните?

Најголемо учество во крајната цената на струјата која треба да ја плаќаат домаќинствата има државната ЕСМ, потоа следи Електродистрибуција- фирма на ЕВН. Унивезразлниот снабдувач, ЕВН ХОУМ учествува со 11, 45 проценти во крајната цена. Од енергетските компаниии најмал удел има Мепсо, од 4 отсто. Во крајната цена со одреден процент влегуваат и маржата на енерегетските компании, трошокот за обновливи извори, за балансираната енергија, за увозот од слободен пазар. Регулаторната комисија во формирањето на цената на струјата влијае со 37 отсто, над 63 проценти нема влијание. РКЕ единствено не ја утврдува производната цена на државната ЕСМ. За оваа цена одлучува Владата.

Како се пресметува цената на струјата? by Daniel Vasilev

Инаку, енергетските компании веќе ги доставија пресметките до Регулаторната комисија. Електродистрибуција бара 100 проценти зголемување на цената, а Мепсо 60 отсто. Пресметките на ЕВН ХОУМ пак, се уште се разгледуваат.

-Електродистрибуција бара зголемување од 100 проценти на трошокот за дистрибуција на електрична енергија, заради зголемени трошоци за набавка на струја потребна за покривање на загубите во мрежата. Вкупно трошоците се зголемени за 140 милиони евра, главно заради надворешни фактори, увозни влијанија, како што е случајот со цела Европа. Ако во целост се прифатат овие трошоци, зголемувањето би било од 33 до 34 проценти. Тоа што е побарано е за дистрибуција на струја и ако овде се додадат тие трошоци на Мепсо, зголемувањето на крајната цена би било од 37 до 38 % без пресметката на ЕВН ХОУМ. Но, ова е врз основа на пресметки, вели за “Денар”,  првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.

Засега се знае само колку  изнесува цената по која државните електрани ќе ја продаваат својата струја на Универзалниот снабдувач. Таа е зголемена од 36 евра, на 41 евро за мегават час или за околу 14 проценти.

Новата цена на струјата за следната година РКЕ ќе ја донесе до крајот на годинава, кога ќе завршат сите анализи, по што граѓаните ќе бидат информирани.

Од следната година, се по извесно е дека ќе се укине и евтината тарифа, односно граѓаните нема да може да ја користат како до сега.

-Имаме едно цело исполитизирано прашање за ова. Кога се носат тарифни системи тоа зависи од електро-енергетскиот систем. Влијаат многу фактори, и не е прашање на политика , туку на експерти кои треба да кажат во која насока би се движла и скапата и евтината тарифа, додава Бислимовски.

И покрај високите трошоци кои ги приложија енергетските  компании, Владата најавува раст на цената на струјата по Нова Година за најмногу до 10 проценти. Според експертите овој процент не е реален со оглед на целата состојба со струјата не само кај нас туку во светот. Сметаат дека поради сите фактори зглемувањето би требало да биде многу поголемо.

Во изминатиот период ЕСМ за да ги обезбеди потребните количини мораше да направи увоз на струја од надвор по цени кои достигнаа и над 300 евра за мегават час. За да се зголеми пак домашното производство и да се намали зависноста на струја од надвор, се донесе одлука во погон да се стават и Тец Осломеј , но и ТЕЦ Неготино, централа која не работеше повеќе од 10 години.

Состојбата во светот не е подобрена, цените на берзите и натаму се многу високи, нема најави дека наскоро ќе се стабилизира, Очекувањата  се дека тоа би се случило дури по втората половина идната година.

Досега пак за санирање на штетите во домашниот енергетски систем проценките на експертската јавност се дека се потребни помеѓу 200 и 300 милиони евра.

Инаку, летоска кога се уште не се чуствуваше енергетската криза, цената за домаќинствата се зголеми за 12,5 отсто, но за ублажување на ударот се намали ДДВ-то за струја на 5 отсто.

Освен цената на струјата , на светските берзи рекорди руши и цената на гасот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП