19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХотелите во Бразил за време на Светското првенство поскапи за 500 отсто

Хотелите во Бразил за време на Светското првенство поскапи за 500 отсто

World-Cup-Brazil1

Бразилското Министерство за туризам соопшти дека официјално ја информирало ФИФА дека почнало преговори со сопствениците на хотелите околу намалувањето на цените за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година.

Ова барање следеше само неколку дена откако агенцијата Меч, која ја изнајми ФИФА утврди дека цените на сместувањето се зголемуваат и до 500 отсто.

ФИФА тоа го сфати како голем проблем и закана за намалување на посетителите, кои би можеле да се откажат од доаѓањето на Светското првенство.

Министерството нагласи дека Меч и хотелите мораат да пронајдат адекватен начин за намалување на астрономското зголемување на цените на хотелското сместување за време на првенството.

Агенцијата Меч објави дека добила официјално барање, но оти ги поддржува сите напори на бразилската Влада за намалување на цените на хотелското сместување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП