20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИсториски договор: Кина и САД тргнуваат заедно во борбата против климатските промени

Историски договор: Кина и САД тргнуваат заедно во борбата против климатските промени

Кина и Соединетите Американски Држави објавија изненадувачки заеднички план за соработка за намалување на емисиите на стакленички гасови во следната, клучна деценија за запирање на климатските промени. Ова е силна поддршка за самитот COP26 кој доаѓа во вистинско време додека учесниците се расправаат околу исходот од оваа конференција на Обединетите нации за климатските промени.

Двата најголеми светски емитери на гас разменија навреди во текот на првата недела од самитот, за вчера да објават заедничка декларација дека двете најголеми светски економии тесно ќе соработуваат за да ги намалат штетните емисии, кои според научниците се неопходни за да се намали глобалното затоплување 1,5 степени Целзиусови, пренесува Гардијан.

Овој значаен пресврт доаѓа како изненадување за домаќините на самитот во Глазгов и испраќа силен сигнал до преостанатите 190 земји-учеснички.

Како што беше обелоденето, Кина и САД ќе работат на некои од клучните области – намалување на емисиите на метан – гас кој силно влијае на создавањето на ефектот на стаклена градина, потоа на емисиите на штетни гасови од сообраќајот, енергетските постројки и индустријата.

„Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу досегашните напори и Парискиот договор, поради што ќе ги здружиме силите за да се доближиме до целите поставени во Парискиот договор – да се забрза транзицијата кон ниски емисии на јаглерод“, рече лидерот на делегацијата Кси Женуа.

„Климатските промени стануваат се поитен предизвик. Се надеваме дека оваа заедничка декларација ќе придонесе за успехот на самитот Cop26“.

Американскиот претставник за климата Џон Кери рече дека двете најголеми светски економии се согласиле да работат на емисиите на штетни гасови во оваа одлучувачка деценија.

„Ова е патоказ за нашите две земји и идната соработка. На Кина и на САД не им недостасуваат разлики, но соработката е единствениот начин да се заврши работата. Овде се работи за наука, за физика“, рече Кери на конференцијата, додавајќи:

„Декларацијата е нешто од кое можеме да почнеме за да го премостиме јазот. Секој чекор е важен. Имаме долг пат да одиме“.

Кери дури го спореди овој договор меѓу Кина и САД со договорот за намалување на нуклеарното оружје за време на Студената војна.

„Понекогаш треба да погледнете што е над разликите за да го пронајдете патот напред“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП