19 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАОдобрена првата пилула против Ковид: Големи количини веќе откупени

Одобрена првата пилула против Ковид: Големи количини веќе откупени

Британскиот регулатор за лекови ја одобри првата пилула за лекување на симптоматски облик на коронавирус.

Обединетото Кралство е првата земја која го одобри лекувањето со молнупиравир, иако сè уште не се знае точно кога овој лек ќе биде достапен.

Лекот е лиценциран за употреба кај луѓе постари од 18 години кои се позитивни на корона и имаат барем еден ризик фактор за развој на сериозна болест.

Пилула што ја менува играта

Пилулата на компанијата Мерк ќе се дава два пати на ден на зџагрозените пациенти.

Во клиничките испитувања, Пилулата првично била развиена за лекување на грип, а потоа се покажа дека го намалува ризикот од хоспитализација или смрт за околу 50 проценти.

Министерот за здравство Саид Џавид рече дека оваа пилула ќе ја „промени играта“ кога станува збор за епидемијата на коронавирус.

„Денес е историски ден за нашата земја, бидејќи Велика Британија сега е првата земја во светот која одобри апче против корона, која може да се зема и дома“, рече тој.

Според медиумите, молнупиравир се смета за одлично решение бидејќи короната може да се лекува без хоспитализација.

Имено, кога на пациентот ќе му биде дијагностицирана инфекција, тој може да започне со терапија со овој лек и да зема четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 пилули) два пати на ден во период од пет дена.

„За разлика од вакцината, која предизвикува имунолошки одговор, молнупиравир спречува репликацијата на вирусот“, рече Санџај Сенајаке, специјалист за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.

Ограничени количини на апчиња против корона

Мерк рече дека може да произведе 10 милиони третмани до крајот на годината, но дека голем дел од тие резерви веќе биле откупени од владите ширум светот.

Азиските земји побрзаа да го нарачаат овој најнов потенцијален лек против корона.

Според податоците на аналитичката компанија, најмалку осум земји во азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја, веќе потпишале договори или се во преговори за купување на лек произведен од американската компанија Мерк.

Во ноември, британските власти објавија дека обезбедиле 480.000 третмани со молнупиравир.

Несакани ефекти и цена

Мерк сè уште не откри детали за можните несакани ефекти од земање на молнупиравир, освен што беше наведено дека нивното ниво било слично како кај оние субјекти кои го земале лекот и оние кои примале плацебо.

Засега не е познато колку азиските земји ќе платат за купување на овие таблети. САД се согласија да платат 1,2 милијарди долари за 17 милиони третмани доколку лекот биде одобрен, што значи дека САД во тој случај би платиле околу 700 долари по третман.

„Со оглед на тоа што се уште не е одобрен за употреба во САД, сè уште не ја утврдивме цената за молнупиравир. Имаме преддоговор со американската влада и таа цена е специфична за одредена количина молнупиравир и не ја претставува договорената цена за САД или која било друга земја“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП