29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОН со предупредување: Остануваат уште осум години да ја спасиме Земјата

ОН со предупредување: Остануваат уште осум години да ја спасиме Земјата

Осум години. Громогласен повик за будење. Часовникот гласно отчукува. Ова се три клучни реченици од извештајот на Програмата на ОН за животна средина (UNEP), објавен пред самитот COP26 во Глазгов.

Светот се соочува со глобално зголемување на температурата од најмалку 2,7 Целзиусови степени, ако земјите останат на сегашните планови во борбата против климатските промени.

Во извештајот за штетните емисии за 2021 година се наведува дека новите национални климатски ветувања, во комбинација со други мерки за ублажување, го ставија светот на пат кон пораст на температурите до крајот на векот, што е значително над целите на Парискиот климатски договор, пренесува „Радио Слободна Европа“. Доколку се случи тоа сценарио, тоа би довело до катастрофални климатски промени на Земјата. За да се задржи глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови во 21 век, што е аспиративна цел на Парискиот договор, светот треба да ги преполови своите годишни емисии на стакленички гасови во следните осум години.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, изјави дека извештајот е гласен повик да се разбудат светските лидери, додека експертите од областа повикаа на драстични дејствија против компаниите кои користат фосилни горива.

На климатскиот самит на ОН во Глазгов, светските лидери ветија дека ќе го запрат уништувањето на шумите во светот до 2030 година. Овој договор и ветувањата на светските лидери вклучуваат издвојување на речиси 19,2 милијарди долари јавни и приватни средства.

Експертите го поздравија позитивниот потег, но и предупредија дека претходниот договор од 2014 година воопшто не го забави уништувањето на шумите и дека е неопходно да се исполнат преземените обврски.

Двонеделниот самит во Глазгов се смета за клучна можност за ставање под контрола на климатските промени.

Околу 100 земји ветија дека ќе ги намалат емисиите на метан како дел од напорите за спречување на глобалното затоплување, изјави американскиот претседател Џо Бајден пред делегатите на конференцијата на ОН за климата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП