20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобар живот или уживање во пороците? Експеримент покажа како луѓето ќе се...

Подобар живот или уживање во пороците? Експеримент покажа како луѓето ќе се однесуваат ако државата им дава по 500 долари месечно

Сè повеќе луѓе ја заговараат идејата за универзален приход според кој државата ќе им дава одредена сума пари на сите жители секој месец.

Како ќе изгледа светот во кој повеќето работни места, наместо луѓето, ќе ги прават роботи? Што ќе прават луѓето и како ќе заработуваат? Одговорот на тоа прашање, се разбира, никој не го знае, но некои, како основачите на Google сметаат дека таквиот свет ќе биде фантастичен затоа што ќе имаме повеќе време за себе и ќе можеме да го правиме само она што го сакаме. Но, тие не ни даваат одговор од што ќе живеат луѓето и како ќе заработуваат, а последните години се повеќе се зборува за т.н. универзален приход, односно одреден месечен приход кој би го добивале сите жители на државите, без оглед дали тие работат и колку пари имаат.

Она што, се разбира, не го знаеме е како би се однесувале луѓето кога би добиле такви „бесплатни пари“, па многумина се прашуваат дали би ги демотивирало да продолжат да работат (зошто да поминуваат време на работа, кога пари може да се добијат без работа),или би се препуштиле на пороци и слично. Досега се спроведени некои истражувања во кои научниците се обидоа да добијат одговор на ова прашање, а последното беше спроведено во градот Стоктон, Калифорнија, а резултатите од тоа истражување беа неодамна објавени. Истражувањето е финансирано од филантропската организација Economic Security Project, чиј е еден од основачите и коосновач на Фејсбук Крис Хјуз.

За период од две години, почнувајќи од февруари 2019 година, на дел од жителите со пониски примања (125 од нив)градот давал по 500 долари месечно, а сите што ги добиле парите немале ограничувања за начинот на трошење. Треба да се напомене дека досега анализираните резултати се однесуваат само на првата година од овој експеримент (непосредно пред короната да го опустоши светот и САД) и според нив, луѓето кои добивале пари имале двојно поголема шанса да се вработат во споредба со остатокот од населението.

Исто така, парите што ги добиле имале позитивно влијание врз нивното здравје и биле помалку вознемирени и депресивни, се чувствувале помалку уморни и „физичка болка поврзана со лошо емоционално здравје“. Благодарение на позитивните примери од тој град, градоначалниците на другите помали градови во САД размислуваат или веќе започнале слични експерименти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП